Глорија Стајнем: 10 Цитати од легендарната новинарка со која се гордеат сите жени

Феминистка, активистка и новинарка, Глорија Стајнем е една од најпопуларните дами на светот која се прослави благодарение на нејзините легендарни изјави.

glorija-stajnem-10-citati-od-legendarnata-novinarka-so-koja-se-gordeat-site-zeni-001.jpg

Ова се само дел од нејзините цитати со кои се гордеат сите жени ширум светот:

1. „Жените секогаш велат дека можат да го прават истото што и мажите. Но, тогаш и мажите би требало да кажат: „Ние можеме да направиме сѐ што можат и жените.”

2. „Уште не сум чула некој маж да праша за совет како да направи рамнотежа меѓу бракот и кариерата.”

3. „Жена без маж е како риба без велосипед.”

4. „Жените нема никогаш да бидат рамноправни со мажите надвор од домот, сѐ додека не бидат еднакви и во него.”

5. „Не постојат работни места за кои се исклучиво потребни пенис или вагина, а останатите би требало на сите да им бидат на располагање.”

glorija-stajnem-10-citati-na-legendarnata-novinarka-so-koja-site-zeni-se-gordeat-2

6. „Кога нема фантазирање и сонување, тогаш ги губиме возбудите. Сонувањето е основа на секој вид планирање.”

7. „Сѐ уште не сум гостувала на некој универзитет, а повеќето тамошни девојки да не прашаат како да ги вклопат бракот, децата и кариерата во едно. Исто така, сѐ уште не сум била на некое место каде што мажите се загрижени за тоа.”

8. „Што и да сакате да направите, едноставно направете го тоа... Апсолутно е неопходно да направите будала од себе.”

9. „Моќта може да се одземе, но не и да се даде. Самиот процес на одземање е освојување само по себе.”

10. „Жената која тежнее да биде некој и нешто се нарекува кучка.”

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg