Ријана со спортски хеланки и натрупан накит, 2 месеца по породувањето – кич или шик издание? (фото)
- Детали
- среда, 20 јули 2022
Закопчана до врат со голем број ѓердани и тесни хеланки, светски познатата пејачка Ријана се појави 2 месеца по породувањето. Спортскиот аутфит таа успеа да го надополни со високи потпетици и накит, а мислењата на фановите се поделени. Што мислите вие - кич или шик?
Ако додека беше бремена, Ријана (34) редовно ја гледавме облечена во оскудни изданија, откако се породи, светски познатата пејачка и бизнис жена ретко се појавува во јавност.
Сепак, таа одлучи во неделата да излезе и да му даде поддршка на нејзиното момче Ејсап Роки додека тој настапуваше на фестивалот Lollapalooza во Париз.
Во оваа пригода Ријана се појави во спортско издание со тесни хеланки кои се производ на соработката на Balenciaga и Adidas и се впечатливи заради високите потпетици препознатливи за првиот бренд, а целиот излед го надополни со голем број бисерни ѓердани.
Забележително е дека пејачката која редовно го покажуваше трудничкиот стомак додека беше бремена и редовно предизвикуваше дискусии за тоа дали таквиот начин на облекување е воопшто безбеден за бебето, сега одлучи во целост да биде покриена.
Инаку, во мај годинава Ријана и Ејсап Роки добија син, а таа за последен пат во јавност беше забележана на 9-ти мај во Калифорнија каде се прошета повторно во оскудно издание.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело