Ромео Бекам (19) раскина со девојката по 3 години врска - мама Викторија залудно планираше уште една свадба
- Детали
- вторник, 12 јули 2022
19-годишните Ромео Бекам и Миа Реган ставија крај на 3-годишната врска, наводно поради нивните работни обврски. Ова е изненадување за фановите, најмногу бидејќи парот зборуваше за венчавка, а Миа веќе беше како дел од семејството на Ромео.
Ромео Бекам и Миа Реган беа заедно три години, а според изворите, синот на Бекамови планирал и да ја запроси штом ќе помине еуфоријата од свадбата на брат му Бруклин.
Но, парот ѝ стави крај на тригодишната врска, наводно поради тоа што двајцата се преплавени со работни обврски и немаат време еден за друг.
19-годишните Ромео и Миа ја почнаа врската во 2019 година, а во мај ја прославија третата годишнина.
Миа веќе беше како дел од семејството на Ромео, а Викторија Бекам дури и го охрабрувала син ѝ да ја побара за жена.
Ромео самиот сподели дека малку го одложил запросувањето поради свадбата на брат му која се одржа во април годинава.
Сепак, додека сите чекаа запросување, извори блиски до Бекамови потврдија дека Миа и Ромео повеќе не се заедно.
Моментално Ромео живее во Мајами каде што се фокусира на фудбалската кариера, додека Миа престојува во Англија и работи како модел – ова е една од главните причини за нивната разделба.
„Врската на далечина и нивната возраст си го зедоа данокот. Ромео и Миа се прекрасни млади луѓе, се грижат еден за друг, а семејството (на Ромео) многу ја сака Миа“, вели извор за Daily Mail.
„Таа ќе продолжи да соработува со Викторија Бекам, но за жал повеќе не е во врска со Ромео. Тoј се фокусира на фудбалската кариера и живее во Мајами, а таа во Англија и работи како модел и инфлуенсерка.
Останаа пријатели. Уште се поддржуваат еден со друг“, додава изворот.
Првите гласини за нивната разделба се појавија пред неколку дена, откако фановите забележаа дека Ромео ги избришал сите фотографии со Миа од Инстаграм.
Синот на Бекамови редовно споделуваше фотки со Миа, но сега нема ниту една.
Миа, од друга страна, уште ги нема избришано фотографиите што ги сподели по повод нивната трета годишнина, а на нејзиниот профил има и постари фотки од неа и Ромео.
Миа и Ромео сериозно размислуваа за венчавка и наводно веќе ја планирале нивната заедничка иднина. Тие дури си направија и исти тетоважи со цел да ја покажат нивната љубов.
Погледнете и Ромео планира да ја запроси, Викторија веќе ја планира свадбата – која е Миа Реган, идната снаа на Бекамови?
Спирова С. | Црнобело