Кијану Ривс, најдобриот човек во Холивуд, се шета со скромната девојка за рака во Њујорк (фото)
- Детали
- вторник, 12 јули 2022
Ретки папарацо фотки од канадскиот актер со неговата девојка Александра Грант (49)... Природната уметница со седа коса му го освои срцето на најдобриот човек во Холивуд.
Кијану Ривс (57) беше фотографиран со девојката Александра Грант (49) како излегува од хотел во Њујорк, а само неколку дена претходно парот беше уловен од папарацо фотографите како се држи за раце додека шетаат заедно низ Њујорк.
Како и секогаш, скромни и природни, тие уживаат со години во својата љубов, на страна од очите на јавноста.
Кијану Ривс е познат како еден од најдобрите луѓе во Холивуд и постојано осамнуваат сведоштва за неговата хуманост и добри дела.
Канадскиот актер го воодушеви светот и со изборот на партнерка, која е природна уметница со седа коса, која им пркоси на наметнатите модерни „стандарди за убавина“.
Парот во Њујорк:
С. С. | Црнобело