Кијану Ривс 10 години ја чувал сестра му која боледувала од рак – сега изненади со емотивен гест

Сестрата на Кијану Ривс, Ким, цели 10 години водела тешка битка со леукемијата, а актерот постојано бил до неа и ѝ бил најголема поддршка. Во нејзина чест, дури 70 отсто од својот хонорар од филмот „Матрикс“ го донирал за истражувања за ракот.

kijanu-rivs-10-godini-se-grizhel-za-sestrata-koja-boleduvala-od-rak-taa-sekogash-beshe-tuka-za-mene-01.jpg

Скапи часовници и мотоцикли за каскадерите што играат со него во филмовите, авионски билети, подароци за непознати луѓе што ги сретнал на улица…

Приказните за дарежливоста на холивудскиот актер Кијану Ривс секогаш привлекуваат огромно внимание и се чини дека тој со своето „срце како планина“ особено се издвојува од сите други познати актери.

kijanu-rivs-10-godini-se-grizhel-za-sestrata-koja-boleduvala-od-rak-taa-sekogash-beshe-tuka-za-mene-02.jpg

Сепак, малкумина знаат дека неговиот живот во неколку наврати бил погоден од големи трагедии, а една од нив е и борбата со леукемијата на неговата сестра Ким Ривс (55), поради што актерот дури 70 отсто од својот хонорар од филмот Matrix го донирал за истражување за ракот.

Ким Ривс слично како и Киану сакала да изгради холивудска кариера, но во 1991-та година на возраст од само 25 години ѝ била дијагностицирана подмолната болест.

Веста дека боледува од страшната болест Ким ја добила само што завршила со снимањето на нејзиниот прв филм Samurai Vampire Bikers from Hell.

kijanu-rivs-10-godini-se-grizhel-za-sestrata-koja-boleduvala-od-rak-taa-sekogash-beshe-tuka-za-mene-03.jpg

Оваа семејна трагедија го погодила холивудскиот актер во периодот кога и тој самиот се борел да ја изгради сопствената кариера, но тоа не го спречило да ѝ даде приоритет на сестра му и да ѝ помогне да се избори со болеста.

Ким цели 10 години поминала во борба со болеста, а Кијану бил постојано со неа. Тој дури и го продал сопствениот дом за да живее поблиску до неа. Тој готвел за неа, го чистел нејзиниот дом и ѝ помагал со лековите.

kijanu-rivs-10-godini-se-grizhel-za-sestrata-koja-boleduvala-od-rak-taa-sekogash-beshe-tuka-za-mene-04.jpg

Дел од медиумите пишуваат дека актерот за да ѝ помогне на сестра му да оздрави потрошил 5 милиони долари на терапии.

Во едно интервју во 2009-тата година Кијану говореше за неговиот однос со сестра му, па рече:

„Таа секогаш беше тука за мене. Затоа јас секогаш ќе бидам тука за неа.“

kijanu-rivs-10-godini-se-grizhel-za-sestrata-koja-boleduvala-od-rak-taa-sekogash-beshe-tuka-za-mene-05.jpg

По долгата битка со болеста Ким успеала да го победи ракот и денес се претпоставува дека најверојатно живее во Рим и сè уште е мошне блиска со својот брат.

kijanu-rivs-10-godini-se-grizhel-za-sestrata-koja-boleduvala-od-rak-taa-sekogash-beshe-tuka-za-mene-06.jpg

Кијану од друга страна пак, има формирано сопствена добротворна организација чијашто примарна цел е борбата со ракот, а редовно се вклучува и во акции за собирање средства за децата што се борат со болеста.

Тој во 2009-тата година говореше и за своите добротворни организации па рече:

„Имам приватна фондација што работи 5 или 6 години и помага на неколку болници за деца и на истражувањата за рак. Не сакам моето име да се поврзува со нив, само ги оставам да си ја тераат сопствената работа“ – рече тој.

kijanu-rivs-10-godini-se-grizhel-za-sestrata-koja-boleduvala-od-rak-taa-sekogash-beshe-tuka-za-mene-08.jpg

Инаку за првиот дел од серијалот Matrix на Киану однапред му бил исплатен хонорар од 10 милиони долари и уште 35 милиони по објавувањето на филмот.

Освен Ким, Кијану има уште две полусестри: Карина Милер (по мајка му) и Ема Ривс (по татко му).

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg