Kако изгледа денес Горан Вишниќ - големиот хрватски заводник со светска кариера, кој се појави и во спот на Мадона?
- Детали
- недела, 17 јули 2022
Горан Вишњиќ, роден во Шибеник на 9 септември 1972 година, е хрватски актер кој се појавува во многу американски и британски филмови и ТВ серии.
Улогата по која најмногу го препознаваат е онаа на д-р Лука Ковач во ТВ хит-серија „Итна служба“ (ЕР).
Благодарение на таа улога, Вишниќ двапати беше номиниран за една од престижните холивудски награди, Screen Actors Guild Awards.
Пред оваа улога која направила пресврт во неговата кариера, Вишњиќ одиграл неколку помали улоги во филмовите „Миротворец“, „Добредојдовте во Сараево“ и „Практична магија“.
Во 1998 година тој се појави во спотот на Мадона за песната The Power of Good-bye, која го лансираше во холивудските филмски води.
Во меѓувреме, Вишниќ глумеше во филмовите The Deep End, Last Will и Doctor Sleep, а го позајми и гласот на анимираниот филм Ice Age.
Тој се појавува и во филмот „Електра“, со Џенифер Гарнер во главната улога.
Вишњиќ е во брак со Ева Вишњиќ со која има три деца. Во летото 2007 година, Вишњиќ се најде во центарот на скандал во кој Мирела Рупиќ од Шибеник го прогласи за татко на нејзината ќерка Лана Лурд.
Актерот го признал неверството и веројатно татковството, што морало да се утврди со ДНК анализа.
Како изгледа денес големиот холивудски заводник и една од најголемите хрватски актерски ѕвезди, Горан Вишниќ, на 49 години?
(О)Милена | Црнобело