Откако ослабе, Адел ги зголеми и усните – целосно го промени изгледот, а пластични хирурзи тврдат дека има и други корекции (фото)
- Детали
- петок, 08 јули 2022
Филерите во усните се норма за многу жени, а сега и Адел го заследи нивниот пример, иако тврдеше дека никогаш нема да го промени своето лице. Некои пластични хирурзи, пак, се убедени дека пејачката има направено и други корекции откако ослабе.
Адел пријатно ја изненади јавноста со драстичната трансформација откако се ослободи од вишокот килограми и почна да води подобра грижа за своето здравје.
И пред и по трансформацијата, Адел секогаш сакала да ја истакнува само својата природна убавина, па дури и има изјавено дека никогаш не би направила корекција на лицето.
Но, се чини дека и 34-годишната пејачка почнала да го следи трендот на многу други жени – сега и таа стави филери во усните.
Адел беше забележана во автомобил со нејзиното момче Рич Пол, а разликата во нејзините усни е повеќе од очигледна.
На папарацо фотките Адел се огледува на огледалото во автомобилот, а нејзините усни се видно поголеми.
Адел беше фотографирана и како излегува од автомобилот, пробувајќи да си го скрие лицето.
Со здрава исхрана и напорни тренинзи, Адел успеа да ослабе околу 40 килограми во период од две години, па нормално е што нејзиното лице изгледа многу поразлично.
Но, уште откако се појавија првите фотки од Адел по слабеењето, се огласија неколку пластични хирурзи според кои пејачката сигурно има направено некаква корекција на лицето.
Според еден хирург, сосема возможно е Адел да има направено корекција на вилицата.
„Можно е нејзината вилица да е поизразена поради слабеењето, но сега изгледа многу изразено, па не би бил изненаден ако добила малку помош. Сметам дека има направено третман со филери кој ја истакнува вилицата“, вели пластичен хирург за Page Six.
Тој смета дека Адел има ставено и ботокс на некои делови од лицето.
„Може да се искористи малку ботокс за да се измазни кожата и да се промени положбата на веѓите. Со него можат да се намалат и ситните брчки“.
Според друг хирург, по драстично слабеење како на Адел, нормално е на лицето да има малку вишок кожа. Но, кај неа го нема па тоа, па за Page Six и тој вели дека пејачката веројатно има ставено ботокс на неколку делови од лицето.
За Daily Mail, пак, друг хирург вели дека неретко луѓето на возраст на Адел одат на третмани за затегнување на кожата на лицето откако ќе изгубат многу килограми.
„Според изгледот на нејзините образи и вилица, можно е да има ставено филери. Исто така можно е да има употребено ласерска терапија за затегнување на кожата“.
Сличен став имаат и многу други пластични хирурзи, но самата Адел нема спомнато ништо.
Всушност, пред неколку години таа изјави дека не планира да прави промени на лицето:
„Не сакам пластични операции. Ќе изгледам вака засекогаш. Помирете се со тоа“.
Останува да видиме дали пејачката ќе направи уште некоја корекција во иднина.
Спирова С. | Црнобело