Машин Ган Кели со крвава фаца откако си скрши чаша од глава, Меган Фокс се крие (вознемирувачко фото)
- Детали
- среда, 29 јуни 2022
Уште еден бизарен потег на свршеникот на Меган Фокс... Понесен од атмосферата на забавата по неговиот концерт си скрши чаша од глава.
Машин Ган Кели си скрши чаша за шампањ од главата за време на забавата по неговиот концерт во Медисон Сквер Гарден во Њујорк.
Покриен со крв со исеченици кај очите тој си отиде од настанот со свршеницата Меган Фокс до себе, која се обидуваше да се сокрие од папарацо фотографите.
32-годишниот музичар на снимките пред да си ja скрши чашата од глава вели: „Не ми е грижа“. Понесен од атмосферата тој дури продолжил да ја изведува наредната нумера со крваво лице.
По настанот рокерот при одење кон дома дури им се смешкал на папарацо фотографите.
Фотографии од парот пред и по бизарниот чин:
С. С. | Црнобело