Актери кои имаат глумено вљубени парови, но не се поднесуваат во реалноста
- Детали
- недела, 03 јули 2022
Анџелина Џоли и Џони Деп не се поднесувале на сетот на The Tourist до тој степен, што за време на паузите од снимање актерот не излегувал од неговата камп-приколка само за да не ја сретне Џоли.
Можеби вие имате некој колега кој не ви е најомилен, но веројатно можете да го избегнувате во поголемиот дел од денот.
Па, замислете како им е на актерите кои не се поднесуваат едни со други, а треба да поминат неколку месеци глумејќи дека се вљубен пар.
Во Холивуд постојат многу ривалства, дури и помеѓу актери кои имаат неверојатна хемија на филмското платно.
Всушност, воопшто не е реткост актер и актерка да глумат вљубен пар, додека во реалноста не сакаат ни да се погледнат.
Неколку вакви актери во продолжение:
Анџелина Џоли и Џони Деп
Во The Tourist, Анџелина Џоли и Џони Деп се вљубен пар и помеѓу нив има одлична хемија. Но, не биле најсреќни што мораат да глумат заедно.
Најпрво Џоли била пресреќна што ќе има можност да работи со актер како Деп, но набрзо ѝ се променило мислењето. Наводно, не ѝ се допаѓало тоа што актерот не бил во добра форма како што налага неговата улога и одбивал да си ја скрати косата.
Генерално, според Џоли, соработката со него била далеку од лесна.
Џони Деп, пак, не сакал што актерката се однесува како некоја дива. Поради ова, додека работеле на филмот, тоj воопшто не излегувал од неговата камп-приколка за време на паузите за да не се сретне со неа.
Рис Витерспун и Винс Вон
Рис Витерспун и Винс Вон се појавија заедно во Four Christmases, а нивниот однос значително го отежнал снимањето.
Наводно, Винс постојано доцнел, мразел проби и повеќе сакал да импровизира.
Од друга страна, актерката е перфекционист, па не можела да го поднесе однесувањето на Винс.
Поради различните карактери, на сетот редовно имало караници.
Џулија Робертс и Мел Гибсон
Џулија Роберт има изјавено дека снимањето на Conspiracy Theory со Мел Гибсон било ужасно.
Актерот оставил мртов глушец на креветот во нејзината камп-приколка бидејќи сакал да ја слушне како вика.
До крајот на снимањето, Џулија се криела од актерот за време на паузите бидејќи скоро секогаш кога ја сретнувал ѝ давал мртов глушец.
Џејми Дорнан и Дакота Џонсон
Џејми и Дакота мораа да снимат многу секс сцени во Fifty Shades of Grey, а наводно ова имало влијание врз нивниот однос.
Во интервју тие споделија дека биле изложени на огромен стрес поради секс сцените, кога водителот ги праша дали почнале да се мразат поради тоа. Тогаш актерот само кимна со главата, а Дакота се воздржа од коментар.
Патрик Свејзи и Џенифер Греј
Иако е многу стар, сите го знаеме филмот Dirty Dancing. И, иако хемијата помеѓу главните ликови е неверојатна, во реалноста Свејзи и Џенифер не биле во најдобар однос.
Актерот дури и ја критикуваше актерката во неговите мемоари, истакнувајќи дека се однесувала како мало дете. Според актерот, таа плачела ако добиела критика, се смеела кога не треба и барала една сцена да се снима по десетпати без потреба.
Актерката имала и многу променливо расположение кое требало да го трпат сите на филмскиот сет.
Сепак, тој вели дека и покрај сите недостатоци, Џенифер е најзаслужна за успехот на мјузиклот.
Спирова С. | Црнобело