Меган Фокс и Машин Ган Кели во Барби аутфити на настан, откако тој се прошета со обетки со нејзина крв
- Детали
- вторник, 28 јуни 2022
Меган Фокс и како русокоса е преубава и сега се пар во Барби стил, а последни во листата бизарности на парот беа обетките на Машин Ган Кели, наводно со крв од актерката.
Меган Фокс се појави во Барби стил со руса коса на премиерата на документарниот филм на нејзиниот партнер Машин Ган Кели „Machine Gun Kelly's Life in Pink“ во Њујорк.
35-годишната актерка, која беше препознатлива по темната коса, покажа дека на нејзиното лице прилега апсолутно сè и дека е прекрасна и како русокоса.
Во кусо розово фустанче таа ги покажа тонираните нозе.
Машин Ган Кели се појави со розова коса и аутфит во тон со Меган, а во фокус ги стави тетоважите на торзото.
Парот се сврши во јануари, две години по првата средба на филмски сет, а наскоро се очекува и свадба.
Тие се познати по бизарните потези со кои го привлекуваат вниманието на јавноста, од кои последен е кога Машин Ган Кели се појави на премиерата на неговиот филм „Taurus“ со обетки во форма на шприцеви, во кои наводно имало крв од Меган Фокс.
Меган во таа пригода се појави во црвен латекс фустан, во тон со обетките на нејзиниот свршеник.
Бизарно, зарем не?
Фотки од двата настани:
С. С.| Црнобело