Ромео Бекам позира со штикли и лакирани нокти, балканската публика критикува: „Татко ти Дејвид е алфа маж, а ти застануваш на штикли“

19-годишниот син на Дејвид и Викторија изгледа тргна по нивните стапки како модел за познати брендови, но ја разбранува јавноста во регионот со фотките на кои е во штикли и со лакирани нокти. Додека едни го поддржуваат изгледот, други не можат да сфатат како Дејвид го „одобрил“ ова.

romeo-bekam-pozira-so-shtikli-i-lakirani-nokti-balkanskata-publika-kritikuva-tatko-ti-dejvid-e-alfa-mazh-a-ti-zastanuvash-na-shtikli-01.jpg

Ромео Бекам има 19 години, но изгледа веќе знае што сака од животот, а дефинитивно ги следи чекорите на неговите родители, во поглед на љубовна приказна, фудбалска и манекенска кариера. 

https://www.instagram.com/p/Ce_QTGYrvWU/

Неодамна се дозна дека тој планира да ја запроси својата девојка Миа Реган и да создаде семејство, а ништо помалку амбициозен не е и на професионално поле.

Тој освен во спортот, навлезе и во водите на модната индустрија како модел, а деновиве посебно внимание привлече со моќната фотосесија за Yves Saint Laurent.

View this post on Instagram

A post shared by SAINT LAURENT (@ysl)

Есенската колекција за 2022 на брендот тој ја престави облечен во крзнени модни парчиња, во комбинација со чизми со висок сјај на висока потпетица.

View this post on Instagram

A post shared by Najčitaniji celebrity magazin (@story.srbija)

Додека фановите на брендот беа воодушевени од модните изданија, балканската јавност има поделени мислења кога станува збор за стајлингот со лакирани нокти и штикли.

Дел од коментарите под објавите на српските медиуми: 

„Ќе те направи таков алфа маж како Дејвид, а ти ќе застанеш на штикли и ќе ги налакираш ноктите... Секоја чест на модата, но човече дај...“

romeo-bekam-pozira-so-shtikli-i-lakirani-nokti-balkanskata-publika-kritikuva-tatko-ti-dejvid-e-alfa-mazh-a-ti-zastanuvash-na-shtikli-03.jpg

„Ниту Ромео не е тоа што беше некогаш“

„Има ли жени на кои ова им е моќно? Ако има, вие сте жени со вкус и моќен дух“

„Водиме љубов. Тој штикли, јас штикли. Секси...“

romeo-bekam-pozira-so-shtikli-i-lakirani-nokti-balkanskata-publika-kritikuva-tatko-ti-dejvid-e-alfa-mazh-a-ti-zastanuvash-na-shtikli-02.jpg

„Јас не би носел, но не ми е јасно зошто маж не би можел да носи штикли, ако жена може да носи одела. Дали знаете дека првите штикли ги носеле мажи, односно војници, за да бидат постабилни на коњ? Ако вам не ви се допаѓа, не морате, а на кој му се допаѓа, нека ужива во тоа“

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Која е девојката што Дејвид Бекам ја откачи заради Викторија – Денес е омажена за негов пријател и с... Кога Дејвид ја видел Викторија веднаш се вљубил и ја „откачил“ девојката со која...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg