Никогаш не е доцна: 6 познати актери кои се прославија дури по 50-тата година од животот
- Детали
- сабота, 09 јули 2022
На сите ни се чини дека Морган Фримен бил славен актер целиот негов живот, но тој стана светски познат дури на 50 години.
Факт е дека повеќето познати личности се пробиле во светот на шоу-бизнисот во 20-тите години од животот, а некои дури и порано.
Повеќето луѓе мислат дека штом ќе стигнат одредена возраст, веќе е доцна да се фокусираат на целите што не ги исполниле дотогаш.
Но, животот е непредвидлив и никогаш не знаете кога успехот ќе ве стигне и вам.
А, можеби најдобар доказ за ова се познатите личности кои стекнале слава многу подоцна во животот.
Осум познати актери кои станаа славни дури по 50-тиот роденден:
Бети Вајт
Познатата актерка ја имаше една од најдолгите кариери во Холивуд – повеќе од четири децении.
Иако Бети пробувала да се пробие речиси целиот свој живот, вистинската слава ја стекнува дури во 1970-тите, кога добива улога во серијата The Mary Tyler Moore Show.
Тогаш актерката имала 51 година.
Актерката почина во декември 2021 година на 99 години, но остави белег во филмската индустрија кој ќе се зборува со децении.
Кристоф Волц
Кристоф Волц почнал да се занимава со глума уште во неговите рани 20-ти. Но, му биле потребни 30-тина години за да стане светски познат.
Маестралната изведба во Inglourious Basterds на Квентин Тарантино му донесе светска слава, а тогаш актерот имаше 53 години.
За истата улога тој доби и Оскар, а оттогаш се има појавено во бројни познати филмови, вклучувајќи ги Django Unchained и Spectre.
Хелен Мирен
Голем дел од животот, Хелен била позната актерка во Британија, но дури по 50-тиот роденден станала и светски славна.
Во 1994 година таа ја имаше една од главните улоги во филмот The Madness of King George, за која доби и номинација за Оскар. Тогаш актерката имаше 50 години.
Оттогаш, нејзината кариера се движи само во нагорна линија.
Џон Махони
Џон Махони долг период работел како театарски актер. Дури на 42-годишна возраст почнал да добива улоги во филмови и серии, но ова не било доволно да се прослави.
На 53-годишна возраст актерот доби улога во култната серија Frasier по што стана светски познат.
Џуди Денч
Денес Џуди Денч важи за една од најдобрите британски актерки. Како и многу други филмски ѕвезди, и таа ја почнала кариерата како театарски актер. Низ годините добивала улоги и во филмови и серии, но не можела да се истакне.
Дури на 61-годишна возраст Џуди ја добива улогата по која ќе ја паметиме уште долго. Во 1995 таа почнува да ја глуми М во филмскиот серијал Џејмс Бонд.
Нејзината изведба е толку добра, што таа ја репризираше улогата и во поновите продолженија со Даниел Крег.
Морган Фримен
Иако е извонреден актер, Морган Фримен го привлече вниманието на јавноста дури на 50-годишна возраст.
Актерот и претходно имаше улоги во помали филмови, но изведбата во Street Smart му донесе номинација за Оскар, како и светска слава.
Спирова С. | Црнобело