Итан Хок ја изневери Ума Турман со дадилката на нивната ќерка – Која е 23-годишната наследничка на парот?
- Детали
- сабота, 11 јуни 2022
Итан Хок и Ума Турман се разведоа во 2003-та година, откако во јавноста се појавија информации дека тој ја изневерил со дадилката на нивните деца. Денес. јавноста најмногу ја препознава нивната ќерка Маја Хоук (23) која тргна по нивните стапки и се прослави со улогата на Робин Бакли во хит-серијата на Нетфликс, Stranger Things.
Итан Хок (51) и Ума Турман (52) по 2 години врска стапија во брак во 1998-ма година и своевремено важеа за еден од најскалдните парови во Холивуд. Заедно добија две деца: ќерката Маја и синот Левон.
Во 2003-та година Ума и Итан објавија дека се разведуваат, откако претходно се појавија гласини дека актерот ја изневерил сопругата со дадилката на нивните деца Рајан Шохјуз.
Разводот меѓу Ума и Итан беше финализиран во 2005-та година, а веднаш потоа актерот почна јавно да се појавува со дадилката, а подоцна и се ожени со неа.
Нивната ќерка Маја, денес израсна во вистинска убавица која тргна по стапките на своите славни родители.