Двејн Џонсон ја изненади мајка си со нова куќа: „Благодарение на тебе станав добар човек – горд сум кога си среќна“
- Детали
- среда, 08 јуни 2022
„Кога имаш добра мајка, имаш шанса да станеш добар човек, мразам да ја гледам како плаче и ќе направам сѐ за да биде среќна“ – напиша меѓу другото актерот Двејн Џонсон до своето видео од новиот дом што тој го купил за својата мајка.
Секогаш им се восхитуваме на луѓето што заработуваат многу, но се трудат да бидат присутни и со гестови да им се заблагодарат на родителите, но и на непознати луѓе во заедницата.
Актерот Двејн Џонсон (50) е познат по својата дарежливост и хуманитарна работа. Минатата година му го подари сопствениот автомобил на работник за да му ги разубави празниците, а досега повеќепати јавно ѝ се заблагодарил на својата мајка Ата Џонсон (73).
Минатиот Божиќ, мајката на актерот од него доби нов автомобил, а сега со солзи и неверување прошета во својот нов „скромен“ дом кој има 6 спални соби и 4 бањи, луксузно уредена кујна и базен.
„Кога бев мало момче, мразев ако ја видев мајка ми како плаче, денес се радувам кога ќе ја видам како плаче од радост.
Ја изненадив мајка ми и ѝ купив нова куќа. Мене и на мојот тим дизајнери ни беа потребни околу 8 недели за да ја подготвиме куќата, и кога таа влезе и виде дека сѐ е ново, беше навистина изненадена.
Бев среќен што можев да ѝ купам неколку куќи низ годините, но оваа е посебна затоа што низ годините постојано ми велеше: 'По живот поминат во патувања, сакам ова да ми биде последна куќа. Тоа е мојот сон.'
Мамо не постои поубаво чувство од тоа да те направам среќна, добредојде дома.
Секогаш велам, ако имаш добра мајка, имаш шанси да станеш добар човек. Да ги прегрнеме мајките овој викенд и да ги направиме среќни“ – напиша актерот до објавата.
Погледнете го видеото во продолжение:
Погледнете и неколку фотографии од домот:
Б. С. Б. | Црнобело