Џорџина го прослави 5-тиот роденден на близнаците, со картонска фигура од Роналдо (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 06 јуни 2022
Поминаа речиси два месеци откако Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез ја добија ќерката Бела Есмералда и трагично го загубија синот при породувањето, па петтиот роденден на близнаците Ева и Матео одлучија да го прослават дома со најблиските, а упатија и емотивни пораки на Инстаграм.
Партнерката на светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез во кругот на најблиските го прослави петтиот роденден на близнаците Ева и Матео, кои во 2017-та година ги добија со помош на сурогат мајка.
Манекенката, која неодамна се породи со ќеркичката Бела Есмералда и трагично го загуби синот при породувањето, одлучи овојпат роденденот да го прослави во домот заедно со нејзините деца.
Со оглед на тоа што Кристијано не можеше да биде присутен на прославата таа направи интересен гест и стави картонска фигура со неговата сенка во позадина.
Две торти, балони и сите деца собрани на купче кои се фотографираат со картонската фигура на нивниот татко. Тоа се некои од највпечатливите моменти што Џорџина ги сподели на Инстаграм.
„Среќен 5-ти роденден на дечињата што се љубовта на мојот живот. Мама се гордее со вас затоа што станувате прекрасни луѓе. Ве сакам со сето свое срце и се надевам дека ќе дувнеме милион свеќи заедно“ – напиша таа.
Од друга страна, пак, Кристијано иако не можел да присуствува на забавата на својот Инстаграм профил објави фотографија од близнаците до која напиша:
„Среќен роденден мои сакани. Тато се гордее со вас, сакам да бидете среќни и секогаш да ги имате тие прекрасни насмевки. Ве сакам премногу“.
Погледнете повеќе фотографии од роденденот:
Б. С. Б. | Црнобело