Викторија Бекам се збогува со штиклите
- Детали
- петок, 26 август 2011
Кралицата на високите потпетици – Викторија Бекам, од истите ќе мора да се опрости на неодредено време. Заради повредата на...
...дискот која ја здоби за време на бременоста, и состојбата и се влоши со царскиот рез, тренди мајката во иднина ќе може да ја видиме исклучиво во балетанки и други ниски чевли.
Движењето на Викторија и е отежнато, а болката во грбот неподнослива. Докторите и дозволиле да отпатува на New York Fashion Week, каде ќе ја претстави својата колекција пролет/лето 2012, со услов и наредба да не помисли да облече високи потпетици.
Како Бекамова ќе се справи со оваа наредба, останува да видиме. Таа постојано повторувала да и најдат рамни чевли во кои нема да изгледа смешно.
Кристијан Лубутин и Роџер Вивиер веќе се фрлија на лобирање и креирање гламурозни рамни алтернативни чевли. Земајќи предвид дека Викторија има моќ да наметнува трендови, прашање на време е кога рамните чевли ќе станат задолжително парче за девојките.