Чак Бас и згодната вереница слават свршувачка во Лондон – тој во широки панталони, таа неодолива убавица
- Детали
- петок, 22 март 2024
Кратко откако заводникот кој го глумеше Чак Бас ја запроси својата Блер од реалноста во Швајцарија, парот слави веридба во Лондон, а двајцата изгледаат неодоливо во бело.
Совршените фотки од моментот кога Ед Вествик ја побара за сопруга една од најубавите жени во светот, беа хит на социјалните мрежи на почетокот на годината, кога сите коментираа дека Чак Бас си ја пронајде Блер од реалноста.
Неколку месеци подоцна, неодоливиот заводник од Gossip Girl и неговата вереница Ејми Џексон, прославија веридба во ресторан во Лондон заедно со најблиските.
Парот синоќа (21.03.2024) беше забележан како се упатува кон француски ресторан, а без да се кријат, вљубено позираат, облечени во бело.
Ед храбро го носи најновиот машки тренд на широки и долги панталони, а Ејми е како божица, облечена во кратко бело фустанче, кое ги истакнува нејзините долги и згодни нозе.
„Планирањето на оваа вечер ни внесе возбуда и за нашата свадба. Ни значи тоа што ги собираме нашите пријатели и семејства за да прославиме“ – изјавил Ед Вествик за DailyMail.
Прочитајте повеќе: „Чак Бас ја најде Блер во вистинскиот живот“ - Ед Вествик ја запроси саканата
Интересно за фановите на Gossip Girl е тоа што Кели Рутерфорд, актерката што ја глумеше маќеата на Чак, Лили ван дер Вудсен во серијата, е уште во контакт со него и неодамна изјавила дека ќе присуствува на неговата свадба.
„Уште сум во контакт со речиси сите од шоуто. Ќе одам на свадбата на Ед и многу сум возбудена“ – изјавила таа за Variety.
Погледнете повеќе фотки од свршувачката на еден од најубавите парови:
М. М. | Црнобело / фото: DailyMail