Најголемата „машка спонзоруша“ во Холивуд: Зеде милиони од разводот, бившата му плаќаше месечен надомест
- Детали
- четврток, 25 април 2024
Американската пејачка Кели Кларксон секој месец му плаќаше на сопругот издршка во износ од 115.000 долари, му даде милиони по разводот, а тој ѝ одзема и половина имот. Како Брендон Блексток стана најпознатата „машка спонзоруша“ во Холивуд?
Познатата американска пејачка Кели Кларксон (42) веќе 4 години води правни битки со нејзиниот поранешен сопруг и менаџер Брендон Блексток.
Кели и Брендон беа заедно седум години и заедно добија две деца, ќерката Ривер Роуз (9) и синот Ремингтон Реми Александар (8).
Се запознаа во 2012-та година на Super Bowl кога Кели ја пееше националната химна, а Брендон присуствуваше како менаџер на Блејк Шелтон, кој исто така настапувал вечерта.
Кели велеше дека се вљубила на прв поглед во сопругот и тие двајца стапија во брак една година подоцна.
Навидум сè изгледаше во најдобар ред, сè до 2020-та година, кога по карантинот беше објавено дека пејачката поднела документи за развод, а како причина за разводот се наведувале ненадминливи разлики.
Во една пригода таа рече дека се чувствувала ограничено затоа што со нејзиниот сопруг заедно работеле и по цел ден го минувале заедно.
Пејачката се обиде да се повика на предбрачниот договор со цел да не му дозволи на поранешниот сопруг да земе дел од 45-те милиони што ги поседува, но безуспешно.
Парот две години не можеше да се договори околу деталите за разводот, а пејачката една година не можеше да го избрка поранешниот сопруг од нејзиниот ранч во Монтана.
Во август 2021-ва година Кели беше прогласена за легално сингл, а разводот беше финализиран во јануари 2022-ра година.
На пејачката ѝ беше наредено да му плати на поранешниот сопруг еднократно 1.3 милиони долари и требаше секој месец да му плаќа пари за издржување во износ од 115.000 долари секој месец до 2024-та година и за алиментација за децата во износ од 45.601 долар.
Во 2023-та година дојде до сосема неочекуван пресврт, кога Кели извојува победа на суд и на нејзиниот поранешен сопруг му беше наредено да ѝ плати отштета од над 2 милиони и 600 илјади долари затоа што како агент носел погрешни одлуки за нејзината кариера.
По ова Блексток поднесе контратужба, а Кели одлучи да побара повеќе пари од него.
Инаку, по разводот Кели и Брендон добија заедничко старателство над децата, но тие останаа да живеат со мајка им во Лос Анџелес, а еднаш месечно патуваат во Монтана да го видат татко им, кој сè уште живее на ранчот што го доби од пејачката.
Освен ранчот, тој по разводот ги задржа коњите, кучињата и другите животни на ранчот, додека пејачката ги задржа пијаното, како и други лични предмети поврзани со лов.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





