Бен Афлек нема проблем нонстоп да ја носи истата карирана кошула (фото)
- Детали
- петок, 10 јуни 2022
Додека неговата вереница Џеј Ло, модните аутфити ги носи само по еднаш, Бен нема проблем нонстоп да се појавува во истата карирана кошула - во продолжение сите комбинации во кои ја има носено.
Карираната кошула во бордо, сива и црна комбинација очигледно е омиленото модно парче на Бен Афлек.
За разлика од други славни личности, тој ја става удобноста на прво место и нема проблем нон стоп да се појавува во истата облека.
Сепак актерот се труди да ја носи кошулата во разни модни комбинации – со или без маичка под неа, фармерки и панталони во разни бои, откопчана, закопчана и со различни додатоци.
Дали Бен не се заморува со тоа што го носи истото парче повеќепати, го мрзи да купува нова облека или едноставно тоа е неговиот моден печат па има купено неколку исти парчиња – не знаеме.
Во продолжение секој пат кога Бен Афлек е забележан со истата кошула во изминатиот период:
М. М. | Црнобело