Свршеницата на Реј Лиота скршена од болка по неговата смрт: „Тој ми беше сè на светот, за таква љубов луѓето сонуваат“ (фото)
- Детали
- недела, 29 мај 2022
„Постојано се смеевме заедно и бевме неразделни. Тој ми беше сè на светот и не можевме да се наситиме еден на друг“ – рече свршеницата на Реј Лиота, Џејси Нитоло, која деновиве беше забележана како видно потресена се враќа во Лос Анџелес, по неговата ненадејна смрт.
Минатата недела светот остана во шок по ненадејната смрт на актерот Реј Лиота кој почина во сон во 67-мата година од животот за време на снимањето на неговиот последен филм Dangerous Waters.
Актерот што ја започна својата кариера глумејќи заедно со Роберт Де Ниро во култниот филм Goodfellas минатата година објави дека се свршил со својата девојка Џејси Нитоло (47).
Џејси беше заедно со него за време на снимањето во Доминиканска Република, каде тој ненадејно почина во сон.
Џејси беше фотографирана како во солзи се враќа во Лос Анџелес, каде го организира побребот на својот сакан, а таа напиша и подолга објава на Инстаграм во која се прости од својот сакан:
„Мојот живот во последните неколку години беше магичен. Реј и јас делиме длабока љубов и тој засекогаш ќе остане во моето срце. Постојано се смеевме заедно и бевме неразделни.
Имаше огромна хемија помеѓу нас. Тој ми беше сè на светот и не можевме да се наситиме еден на друг. Тоа беше љубов за каква сите сонуваат.
Тој беше најпрекрасната личност и одвнатре и однадвор што некогаш сум ја запознала... Дури и овие зборови не се доволни за да го опишам“ – порача таа на Инстаграм.
Инаку, во медиумите беа објавени фотографии на кои се гледа како Џејси видно потресена, целосно облечена во црна облека се враќа од Доминиканска Република Во Лос Анџелес, по ненадејната смрт на нејзиниот свршеник.
За неа се знае дека е „обична“ жена и мајка на 4 деца, а парот се запознал на почетокот од 2020-та година.
Нивната средба била „наместена“ од страна на 23-годишната ќерка на Реј, Кристен и децата на Џејси.
Прочитајте и Требаше наскоро да се ожени за љубовта на неговиот живот – што знаеме за актерот Реј Лиота кој почина на возраст од 67 години?
Погледнете повеќе нивни фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело