Требаше наскоро да се ожени за љубовта на неговиот живот – што знаеме за актерот Реј Лиота кој почина на возраст од 67 години?

Се прослави со улогата во филмот Goodfellas, каде играше заедно со Роберт Де Ниро, а заради една непромислена изјава се најде на осуда од јавноста. Што знаеме за актерот Реј Лиота, кој ненадејно почина на возраст од 67 години.

trebashe-naskoro-da-se-ozheni-za-ljubovta-na-negoviot-kjivot-shto-znaeme-za-akterot-rej-liota-koj-pochina-na-vozrast-od-67-godini-01.jpg

Актерот Реј Лиота почина во сон во Доминиканска Република каде моментално работеше на снимањето на својот последен филм Dangerous Waters.

trebashe-naskoro-da-se-ozheni-za-ljubovta-na-negoviot-kjivot-shto-znaeme-za-akterot-rej-liota-koj-pochina-na-vozrast-od-67-godini-04.jpg

Лиота има една ќерка, Кристен (23), која ја добил од бракот со продуцентката Мишел Грејс, а честопати говореше за блискиот однос што го имаше со своето дете:

„Не сакам да помине долго време без да ја видам. Можеби неколку недели.

Во последните 4 месеци останав дома затоа што одлучив дека не сакам да снимам филм за да можам да бидам повеќе време со неа.

Ја носев на часови по танц, си играв со неа“ – рече тој во изјава во 2007-ма година.

trebashe-naskoro-da-se-ozheni-za-ljubovta-na-negoviot-kjivot-shto-znaeme-za-akterot-rej-liota-koj-pochina-na-vozrast-od-67-godini-07.jpg

Реј Лиота и Мишел Грејс се разведоа во 2004-та година, но останаа во пријателски односи, а тој секогаш имаше пофални зборови за неа.

trebashe-naskoro-da-se-ozheni-za-ljubovta-na-negoviot-kjivot-shto-znaeme-za-akterot-rej-liota-koj-pochina-na-vozrast-od-67-godini-03.jpg

Актерот кој се прослави во улогите во крими филмови, во последните години беше актуелен и со улогата во ТВ серијата Shadows of Blue каде играше заедно со Џенифер Лопез.

trebashe-naskoro-da-se-ozheni-za-ljubovta-na-negoviot-kjivot-shto-znaeme-za-akterot-rej-liota-koj-pochina-na-vozrast-od-67-godini-09.jpg

Откако во екот на движењето #Me Too даде изјава дека кога би добил покана да игра во филм на Вуди Ален веднаш би прифатил, се соочи со критики.

trebashe-naskoro-da-se-ozheni-za-ljubovta-na-negoviot-kjivot-shto-znaeme-za-akterot-rej-liota-koj-pochina-na-vozrast-od-67-godini-05.jpg

Во тој период Вуди Ален го тресеше скандал заради бракот со посвоената ќерка и обвинувањата од страна на другата посвоена ќерка, Дилан Фароу, која излезе со обвинувања дека била сексуално злоупотребувана од страна на режисерот кога имала само 7 години, а јавноста не ја прифати позитивно желбата на Лиота да работи со него.

trebashe-naskoro-da-se-ozheni-za-ljubovta-na-negoviot-kjivot-shto-znaeme-za-akterot-rej-liota-koj-pochina-na-vozrast-od-67-godini-06.jpg

Во моментот на неговата смрт, актерот беше свршен со Џејси Нитоло, „обична“ жена која не сакала да биде во фокусот на јавноста, а веќе била мајка на 4 деца.

trebashe-naskoro-da-se-ozheni-za-ljubovta-na-negoviot-kjivot-shto-znaeme-za-akterot-rej-liota-koj-pochina-na-vozrast-od-67-godini-10.jpg

Тој во декември 2020-та година рече дека за Божиќ го добил најубавиот подарок откако Џејси, љубовта на неговиот живот ја прифатила неговата понуда за брак.

https://www.instagram.com/p/CJXUuRolkPA/?utm_source=ig_web_copy_link

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Холивудски ѕвезди кои глумеле со своите деца или родители во ист филм Дали знаете дека Румер Вилис како дете глумела во ист филм со нејзината славна м...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Холивудски актери кои биле без „скршен денар“ кога ја добиле улогата што ги прослави Шарлиз Терон безуспешно пробувала да кешира чек од ангажман како модел, кога ја ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg