Старлета со српско потекло мета на критики: „Ја шета 6-годишната ќерка во количка за бебиња, но редовно ја носи на маникир“
- Детали
- вторник, 24 мај 2022
Објавуваше фотографии како ја дои ќерката на 5 години, сè уште ја шета во количка за бебиња, а за првиот ден во училиште ѝ направи француски маникир со акрилни нокти. Старлетата со српско потекло Коко Остин повторно е мета на критики заради начинот на кој се грижи за својата ќерка.
Старлетата и актерка со српско потекло Коко Остин (43), попозната како Коко се прослави со објавување разголени фотографии на социјалните мрежи, а најпозната стана откако стапи во брак со раперот Ice T (62), со кого ја доби 5-годишната ќерка Шанел.
Коко е родена и порасната во САД, но во минатото откри дека нејзините баба и дедо по мајка потекнуваат од Србија.
Минатата година Коко беше на удар откако призна дека сè уште ја дои ќерката која тогаш имаше 5 години, а сега нејзините следбеници на социјалните мрежи ѝ замерија затоа што 6-годишното девојче го вози во количка за бебиња.
Таа објави семејна фотографија на која е заедно со сопругот и ќерката која ја вози во количка:
„Прошетка низ продавници. На Шанел ѝ е здодевно сè додека не види нешто што навистина ѝ се допаѓа. Изразот на нејзиното лице се менува веднаш“ – напиша таа до фотографиите.
Нејзините обожаватели кои ги видоа фотографиите воопшто не коментираа за модно усогласените изданија на мајката и на ќерката, туку за фактот што старлетата 6-годишното девојче сè уште го шета во количка за бебиња.
„Ќерка ти има околу 6 години... Зарем не сметаш дека е време да ја извадиш од количка?“,
„Зошто ја шеташ во количка? Дозволи му детето да порасне.“
„Изгледа како да ѝ е здодевно да биде во количка.“
„Знам дека таа ти е единствено бебе, но мора да ѝ дозволиш да порасне. Можеби би можела да избереш посоодветна количка за нејзина возраст. Има 6-годишно дете што е помалечко од неа и со години веќе не го возам во количка за бебиња. Навистина ќе биде жално ако твоето слатко дете го задеваат врсниците.“
Ова се дел од критиките што Коко ги доби во коментарите, а ова не е првпат старлетата со српско потекло да се соочи со вакви коментари.
Таа во август минатата година откри дека сè уште го дои 5-годишното девојче, за само еден месец подоцна во септември да објави фотографии на кои се гледа дека на девојчето му направила француски маникир со акрилни нокти за првиот ден во училиште.
Овој пат сите беа согласни дека девојчето е премногу мало за да добие маникир.
Инаку, Коко редовно објавува фотографии на кои е заедно со ќерката Шанел, погледнете дел од нив:
Б. С. Б. | Црнобело