Ким Кардашијан шета боса во Италија додека Кортни и Тревис ги прават последните подготовки за свадбата на тврдина (фото)
- Детали
- недела, 22 мај 2022
Ким Кардашијан повторно го „краде“ целото внимание на сестра ѝ – прошета боса низ италијанското село каде што Кортни и Тревис ќе прават свадба.
Додека Кортни Кардашијан и Тревис Баркер ги прават последните подготовки за нивната свадба, Ким Кардашијан повторно го „краде“ целото внимание во италијанското рибарско село Портофино каде што ќе се одржи прославата.
Ријалити ѕвездата беше забележана покрај пристаништето на селото додека одеше на прослава пред свадбата на сестра ѝ Кортни. А, она што привлече најмногу внимание е фактот дека шета боса.
Ким носеше долг црн фустан со широки ракави и гордо чекореше боса покрај пристаништето. Наоколу имаше бројни фанови кои се обидуваа да ја фотографираат.
Во поголемиот дел од прошетката, таа зборуваше на телефонот.
Во меѓувреме, Кортни и Тревис ги прават последните подготовки за свадбата која наводно ќе се одржи денес, 22-ри мај.
Прославата ќе се одржи на тврдина во Портофино, а според досегашните фотки направени со дрон, локацијата изгледа совршено.
Иако на фотките не е сè подготвено за свадбата, јасно е дека Тревис и Кортни одбрале навистина волшебна локација за нивниот посебен ден.
Спирова С. | Црнобело