Што знаеме за бившата на Милош Биковиќ, која прошета во топлес издание на Кански фестивал?
- Детали
- петок, 20 мај 2022
Во проѕирен фустан, во топлес издание, поранешната девојка на српскиот актер Милош Биковиќ, Саша Лус зачекори на црвениот тепих во Кан. Што знаеме за руската актерка и манекенка, која важи за една од најубавите жени во Русија и го привлече вниманието на сите со голите гради?
Поранешната девојка на српскиот актер Милош Биковиќ, руската манекенка Саша Лус, зачекори во смело модно издание на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан.
Таа се појави во целосно прозирен фустан и во топлес издание, и не остави ништо на имагинацијата.
На влегувањето се појави со бело сако, но пред фотографите го соблече и се фотографираше со голи гради.
Во продолжение неколку интересни факти за неа што можеби не сте ги знаеле:
Саша Лус важи за една од најубавите жени во Русија, а во минатото беше во врска со српскиот актер Милош Биковиќ, па дури заедно имаа и провокативна фотосесија.
Саша има 29 години и е родена во Магдан во Русија, но уште додека била мала се преселиле во Москва.
Мајка ѝ по професија е гастроентеролог, а како дете Саша сакала да пишува приказни и да биде балерина, но заради повредата на коленото морала да се откаже од овој свој сон.
На 13 години, мајка ѝ ја однела да се пријави на кастинг за модели, и токму во овој период ги направила првите чекори во модната индустрија.
На само 16 години за првпат зачекорила на модната писта, а низ годините се појавувала на насловните страници на голем број модни списанија, како Vogue и Numéro.
Во 2016-та година Саша беше актуелна заради врската со Милош Биковиќ, но љубовта не траеше долго, а неколку месеци подоцна Саша беше фотографирана со друго момче во Мајами.
Во 2017-та година се појавила во филмот Valerian and the City of a Thousand Planets на Лук Бесон, каде играше заедно со Кара Делевињ.
Во 2019-та година таа ја добила главната улога во филмот на Лук Бесон, насловен Anna, во кој Саша ја толкува улогата на КГБ агент.
Б. С. Б. | Црнобело