Кејт Мидлтон совршена на кралски настан, додека Хари и Меган повторно со скандалозен потег (фото)
- Детали
- четврток, 19 мај 2022
Во корален фустан, фит по 3 бремености, ведра и насмеана, Кејт Мидлтон повторно достојно ја претстави кралицата, додека принцот Хари и Меган Маркл најавија дека ќе снимаат реално шоу со милионска заработувачка.
Кејт Мидлтон изгледаше префинето во корален фустан на забава во градината на Бакингемската палата.
Кралицата Елизабета (96) годинава не се појави на настанот поради проблеми со движењето.
Традиционално се одржуваат 4 вакви забави во градината секое лето и се начин за оддавање признание од страна на кралицата кон оние кои цела година биле посветени на службата на народот.
Кејт со својот изглед издоминира на настанот. Дефинитивно, уште едно совршено издание на војвотката од Кембриџ.
Во меѓувреме кружат гласини дека принцот Хари и Меган Маркл ќе снимаат документарна серија во нивниот дом и дека за тоа направиле договор од 100 милиони долари со Нетфликс.
Наводно, камерите веќе се добредојдени во нивната вила од 14 милиони долари во Монтесито, каде Хари и Меган ќе прикажат дел од своето секојдневие со двете деца, но и ќе откријат нови скандалозни информации за британското кралско семејство.
Како изгледаше Кејт Мидлтон на кралскиот настан:
С. С. | Црнобело