Ева Лонгорија (47) на Кански фестивал – фустан кој ѝ го открива телото, најсекси издание по породувањето (фото)
- Детали
- среда, 18 мај 2022
Носеше проѕирна тоалета со длабоко деколте, во која можеше целосно да се види нејзината извајана фигура, а сепак успеа да не биде вулгарна и да изгледа гламурозно – Ева Лонгорија (47) заблеска на црвениот тепих на Канскиот фестивал и сите погледи беа вперени кон неа.
Во вторникот (17.05), на црвениот тепих по повод свеченото отворање на 75-иот Кански филмски фестивал зачекорија голем број познати имиња од филмската индустрија, а актерката која е најпозната по улогата во ТВ серијата „Очајни домаќинки“, Ева Лонгорија успеа целосно да го украде вниманието на сите присутни со својот изглед.
Актерката (47) беше фотографирана уште во хотелот во Кан каде се појави во целосно црно издание со далбоко деколте, а на црвениот тепих зачекори во проѕирна тоалета од тул со светкави детали и карнери, креација на дизајнерката Alberta Ferretti, во која го покажа извајаното тело.
Инаку, Ева во 2018-та година на 43 години стана мајка по првпат кога со сопругот Хозе Бастон го добија синот Сантијаго, а во последниот период вежбаше напорно и беше целосно посветена на тоа да се врати во топ-форма, а како што може да се види, трудот навистина се исплатил.
Погледнете повеќе фотографии од отворањето на Кански фестивал:
Б. С. Б. | Црнобело