Шакира (45) на плажа на Ибица покажа дека е сосема „обична“ и природна жена (фото)
- Детали
- петок, 13 мај 2022
Шакира не е од оние славни дами кои се опседнати со изгледот и внимаваат папарацо фотографите да не ги уловат во природно издание, а фотките од Ибица се доказ за тоа.
Шакира (45) и нејзините деца уживаат на плажа на Ибица. Таа во виолетово бикини покажа дека е природна убавица, која не се заморува со изгледот на плажа и сака да биде комплетно релаксирана.
Пејачката е посветена на своите синови и уживањето и не се грижи дали папарацо фотографите ќе го „ловат“ нејзиниот целулит или неуредна фризура.
„Само со бакнеж, тие лекуваат сè и докажуваат дека е вредно да продолжам да се борам за нив“, напиша Шакира во описот на фотографија од нејзините синчиња, на која тие ја бакнуваат во образ.
Папарацо фотки од Шакира на Ибица:
С. С. | Црнобело