Гестот со кој Бруклин Бекам сака да ја „претвори“ сопругата во мама Викторија – зошто ѝ даде втор веренички прстен на Никола?

Познато е дека Викторија Бекам добила 15 веренички прстени за време на 22 години брак со Дејвид Бекам, а по сè изгледа нивниот најстар син Бруклин има намера да ја продолжи традицијата и неговата сопруга да биде како неговата мајка. Никола го покажа вториот веренички прстен од својот сопруг.

bruklin-ja-prodolzhuva-tradicijata-na-viktorija-bekam-nov-verenichki-prsten-za-soprugata-samo-nekolku-denovi-po-svadbata-foto-01.jpg

Сопругата на Бруклин, Никола Пелц Бекам само неколку дена по свадбата што се случи на 9-ти април годинава во Палм Спрингс, се појави со нов веренички прстен.

bruklin-ja-prodolzhuva-tradicijata-na-viktorija-bekam-nov-verenichki-prsten-za-soprugata-samo-nekolku-denovi-po-svadbata-foto-02.jpg

За време на Мет Галата почнаа шпекулациите за новиот накит што снаата на Викторија и Дејвид Бекам го носеше на настанот, а на нејзиниот Инстаграм профил Никола покажа одблиску како изгледаат нејзините нови дијамантски прстени.

bruklin-ja-prodolzhuva-tradicijata-na-viktorija-bekam-nov-verenichki-prsten-za-soprugata-samo-nekolku-denovi-po-svadbata-foto-03.jpg

До фотографиите на кои се гледа вереничкиот прстен и бурмата таа напиша: „Прстенот“.

View this post on Instagram

A post shared by 𝓃𝒾𝒸𝑜𝓁𝒶 (@nicolaannepeltzbeckham)

Станува збор за прстен изработен од платина со овален дијамант од 6 до 8 карати со трапезоидни дијаманти од страните. Со оглед на тоа што платината е бела, дијамантите на прстенот светат уште посилно.

bruklin-ja-prodolzhuva-tradicijata-na-viktorija-bekam-nov-verenichki-prsten-za-soprugata-samo-nekolku-denovi-po-svadbata-foto-04.jpg

Според Page Six Бруклин за овој прстен издвоил околу 2 милиони долари, а бурмата чини околу 90.000 долари.

bruklin-ja-prodolzhuva-tradicijata-na-viktorija-bekam-nov-verenichki-prsten-za-soprugata-samo-nekolku-denovi-po-svadbata-foto-10.jpg

За потсетување, Бруклин и Никола започнаа врска во октомври 2019-та година, а во јули 2020-та година открија дека се свршиле. Никола тогаш доби правоаголен дијамант за кој се верува дека чинел околу 250.000 долари.

bruklin-ja-prodolzhuva-tradicijata-na-viktorija-bekam-nov-verenichki-prsten-za-soprugata-samo-nekolku-denovi-po-svadbata-foto-06.jpg

Со новиот веренички прстен парот ја продолжува традицијата на познатите родители на Бруклин.

bruklin-ja-prodolzhuva-tradicijata-na-viktorija-bekam-nov-verenichki-prsten-za-soprugata-samo-nekolku-denovi-po-svadbata-foto-09.jpg

Се знае дека Викторија Бекам за време на својот брак со Дејвид добила околу 15 различни веренички прстени.

Прочитајте и Бираше девојки што личат на мајка му, велат дека е „мамин син“ – Факти за односот на Бруклин и Викторија Бекам

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Децата треба да учат од нив: Викторија и Дејвид и по 25 години брак вљубени на Валентајн „Што да му купиш на мажот што има сѐ“ – се пошегува Викторија до фотката од пода...
Која е девојката што Дејвид Бекам ја откачи заради Викторија – Денес е омажена за негов пријател и с... Кога Дејвид ја видел Викторија веднаш се вљубил и ја „откачил“ девојката со која...
Дејвид Бекам храни кокошки, Памела Андерсон суши облека: Фото докази дека и ѕвездите се „обични“ луѓ... Хју Грант служеше храна во ресторан, Мила Кунис и Ештон Кучер натоварени се симн...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg