Бритни Спирс сподели над 10 идентични голи фотки, фановите загрижени за неа: „Веројатно старателството било со причина“

„Почнувам да мислам дека оние што ја контролираа можеби требало да продолжат да ја контролираат, Бритни дефинитивно не е во ред...“ – гласи еден од многуте коментари на објавите на Бритни Спирс со 10-тина речиси идентични голи фотки.

britni-spirs-spodeli-nad-10-identichni-goli-fotki-fanovite-zagrizheni-verojatno-staratelstvoto-bilo-so-prichina-01.jpg

Откако беше ослободена од легалното старателство на татко ѝ, Бритни Спирс редовно споделува провокативни фотки сакајќи да ја покаже својата слобода.

Иако дел од јавноста ја поддржуваше истакнувајќи дека таа е слободна жена и може да прави што сака, со последните неколку објави пејачката ги загрижи и нејзините најголеми фанови.

Најпрво, во една објава 40-годишната Бритни сподели неколку речиси идентични фотографии на кои е потполно гола. Според описот, фотографиите се направени во Мексико пред да остане бремена.

На фотките пејачката си ги крие градите со рацете, а интимните делови ги покрила со налепница.

View this post on Instagram

A post shared by XILA MARIA RIVER RED (@britneyspears)

Во коментари голем дел од нејзините следбеници прашуваа зошто ја споделила истата фотографија неколкупати, а некои истакнуваа дека иако е слободна жена, сепак покажува премногу.

Неполн час подоцна, Бритни сподели уште една објава со три голи фотки кои се премногу слични на претходната објава. Речиси веднаш потоа, пејачката сподели уште една тура слични голи фотки.

https://www.instagram.com/p/CdWiya8uhtq/

Од нејзините следбеници се наоѓа понекој коментар со поддршка, но дефинитивно доминираат коментарите на загрижените фанови.

Дел од коментарите на загрижените фанови:

„Оваа девојка е болна, плаче за помош“.

„Сигурен сум дека легалното старателство било со причина“.

„Дали некој од вас е сериозно загрижен за неа?“

britni-spirs-spodeli-nad-10-identichni-goli-fotki-fanovite-zagrizheni-verojatno-staratelstvoto-bilo-so-prichina-06.jpg

„Некој нека ѝ помогне. Бритни не е во ред“.

„Ова е загрижувачко и луѓето треба да престанат да го оправдуваат ова однесување“.

„Бритни, нема потреба да ги објавуваш овие фотографии“.

„Почнувам да мислам дека оние што ја контролираа можеби требало да продолжат да ја контролираат…“

britni-spirs-spodeli-nad-10-identichni-goli-fotki-fanovite-zagrizheni-verojatno-staratelstvoto-bilo-so-prichina07.jpg

Некои одат дотаму што ѝ велат дека е мајка и треба да размисли за фактот дека нејзините деца сигурно ќе ги видат овие фотографии.

Дел од фановите, пак, го критикуваат и момчето на Бритни, Сем, бидејќи ѝ дозволил да ги објавува фотографиите.

„Ако твојот партнер те почитува, не би ти дозволил да објавиш ни пола од работите што ги објавуваш“.

britni-spirs-spodeli-nad-10-identichni-goli-fotki-fanovite-zagrizheni-verojatno-staratelstvoto-bilo-so-prichina-05.jpg

Некои пробуваат и да го објаснат нејзиното однесување:

„Кога бев тинејџерка, моите пријатели кои имаа најстроги родители беа најбунтовни и ги правеа најшокантните работи. Сигурна сум дека тоа што се чувствувала заробено го има истиот ефект кај Бритни, па сега таа учи како да се искаже себеси.

Некогаш луѓето сакаат да шокираат кога се во вакви ситуации. Како да сакаат да си ја вратат младоста и почнуваат да се однесуваат како тинејџери“.

britni-spirs-spodeli-nad-10-identichni-goli-fotki-fanovite-zagrizheni-verojatno-staratelstvoto-bilo-so-prichina-03.jpg

Пред загрижувачките фотографии, Бритни најави дека ќе прави пауза од социјалните мрежи. Но, веќе следниот ден објави видео на Инстаграм покажувајќи го нејзиниот аутфит.

Периодов Бритни често објавува слични видеа, како и видеа со танцување и објави во кои отворено го критикува нејзиното семејството.

Иако и претходно споделувала провокативни фотографии, досега тоа било колку-толку умерено.

britni-spirs-spodeli-nad-10-identichni-goli-fotki-fanovite-zagrizheni-verojatno-staratelstvoto-bilo-so-prichina-08.jpg

Бритни се ослободи од легалното старателство на татко ѝ во ноември минатата година. Цели 13 години, пејачката немаше контрола над нејзините финансии, а на судењето изнесе морничави детали од тортурата што ја трпела.

Пејачката доби огромна поддршка од јавноста, но сега повеќето се загрижени дали Бритни навистина може самата да се грижи за себе.

britni-spirs-spodeli-nad-10-identichni-goli-fotki-fanovite-zagrizheni-verojatno-staratelstvoto-bilo-so-prichina-02.jpg

Моментално Бритни е верена со Сем Ашгари и заедно го очекуваат нивното прво дете. Пејачката има и две постари деца – Шон Престон (16) и Џејден Џејмс (15) – од претходниот брак со Кевин Федерлајн.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Најзгодниот пар доби дете: Дејвид Гета сподели фотка со синчето и 24 години помладата девојка Кон крајот на минатата година, среде шпекулациите дека се разделиле, Дејвид Гета...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
„Сигурно Џесика се срами што ти е сопруга“: Џастин Тимберлејк мета на критики откако се дозна дека ј... „Навистина е лудо како луѓето можат да повредат некого и да продолжат со животот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg