Загрижената Бритни Спирс оди на суд, првпат ќе сведочи против татко ѝ - ѝ диктирал како да ја офарба кујната, со кого да се дружи

Денес (23.06) Бритни Спирс првпат ќе се обрати на суд во врска со легалното старателство на татко ѝ, кој не ѝ дозволувал да троши повеќе од 2.000 долари неделно, контролирал со кого ќе се дружи, па дури и каква боја ќе биде нејзината кујна.

zarabotuva-milioni-no-daval-samo-2-000-dolari-nedelno-britni-spirs-se-podgotvuva-za-nova-sudska-bitka-so-tatko-01.jpg

Бритни Спирс ја продолжува битката со нејзиниот татко, а денес, 23-ти јуни, има сослушување во судот во Лос Анџелес. Претходно, пејачката беше забележана како излегува од шерифскиот оддел во округ во Калифорнија, по консултација за нејзиниот случај.

zarabotuva-milioni-no-daval-samo-2-000-dolari-nedelno-britni-spirs-se-podgotvuva-za-nova-sudska-bitka-so-tatko-02.jpg

Пејачката беше во друштво на телохранител и носеше лежерна облека – кратки панталони, широка бела кошула, сив кардиган и сандали. На фотките Бритни изгледа доста загрижено.

Иако нејзиното момче Сем Ашгари отворено ја поддржува во битката против татко ѝ, овојпат не беше со неа.

zarabotuva-milioni-no-daval-samo-2-000-dolari-nedelno-britni-spirs-se-podgotvuva-za-nova-sudska-bitka-so-tatko-03.jpg

zarabotuva-milioni-no-daval-samo-2-000-dolari-nedelno-britni-spirs-se-podgotvuva-za-nova-sudska-bitka-so-tatko-06.jpg

Денешното сослушување на пејачката е всушност нејзиното прво обраќање до судот од почетокот на битката со татко ѝ. Неодамна, познатиот весник The Times објави извештај напишан од судски истражувач уште во 2016 година, според кој Бритни се пожалила дека татко ѝ, заедно со некој адвокат, ја контролирал до тој степен што ѝ кажувал со кого може да се гледа, па дури и како да си ја офарба кујната. Во истиот извештај пишува дека Бритни се пожалила и за алкохолизмот на татко ѝ.

„Таа смета дека легалното старателство сега е премногу угнетувачко и е алатка за нејзино контролирање. Повеќе не сака да биде искористувана и вели дека таа работи за нејзините пари, но ги трошат сите околу неа“, стои во извештајот.

zarabotuva-milioni-no-daval-samo-2-000-dolari-nedelno-britni-spirs-se-podgotvuva-za-nova-sudska-bitka-so-tatko-04.jpg

Според објавата на The Times, татко ѝ бил опседнат со неа до тој степен, што контролирал со кого ќе се дружи, а според некои сведоци, неретко и ѝ се заканувал. Во извештајот е нагласено дека и покрај поплаките на Бритни, судот одлучил татко ѝ да го задржи старателството.

Татко ѝ, Џејми, има контрола над нејзините финансии од 2008-ма година, кога менталното здравје на Бритни се влоши. Пејачката првпат се обидела да се ослободи од старателството уште во 2014-та, во периодот кога почна со редовните настапи во Лас Вегас. И покрај тоа што пејачката заработуваше милиони од овие настапи, татко ѝ не дозволувал да троши повеќе од 2.000 долари неделно.

Лани, пак, Бритни изјави дека била присилена да настапува против нејзина волја, но и да престојува во ментална институција, наводно како казна бидејќи почнала да се буни за време на проба. Во 2019-та пејачката изјави дека нема да настапува сè додека не ја добие својата независност од татко ѝ.

zarabotuva-milioni-no-daval-samo-2-000-dolari-nedelno-britni-spirs-se-podgotvuva-za-nova-sudska-bitka-so-tatko-07.jpg

На денешното сослушување, изворите велат дека пејачката нема да бара целосно отстранување на легалното старателство, туку ќе бара замена за татко ѝ. Односно, таа сака некој друг да биде нејзин легален старател.

Во јавноста, Бритни речиси и да нема прозборено ништо за овој случај. Единствено, таа се огласи за документарецот Framing Britney Spears, изјавувајќи дека плачела со недели откако го изгледала. Истовремено, таа ги праша сите зошто упорно се фокусираат на најлошиот период од нејзиниот живот.

Нејзиното момче, од друга страна, ја поддржува и јавно.

„Сем ѝ е огромна поддршка на Бритни. Ѝ помага да си ја врати самодовербата и ја убедува дека сè ќе биде во ред. Тој го следи движењето FreeBritney онлајн и постојано ѝ кажува колку нејзините фанови ја сакаат и поддржуваат“, вели извор за Page Six.

zarabotuva-milioni-no-daval-samo-2-000-dolari-nedelno-britni-spirs-se-podgotvuva-za-nova-sudska-bitka-so-tatko-08.jpg

Пред неколку месеци, Сем и јавно прозборе за ситуацијата со татко на Бритни:

„Важно е луѓето да разберат дека немам воопшто почит за некој кој се обидува да ја контролира нашата врска и постојано ни поставува пречки. Според мене, Џејми Спирс е кретен“, напиша 27-годишниот Сем на Инстаграм Стори.

Младиот актер додаде и дека иако е личност која ја цени својата приватност, сметал дека мора да го искаже свoето мислење.

zarabotuva-milioni-no-daval-samo-2-000-dolari-nedelno-britni-spirs-se-podgotvuva-za-nova-sudska-bitka-so-tatko-09.jpg

Неодамна, пак, за TMZ, Сем изјави дека се надева дека ќе може да биде во добар однос со татко на Бритни, но „само кога ќе почне да се однесува добро кон ќерка му“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg