Славните со поддршка за Бритни Спирс – објавен контроверзен документарец кој прикажува како била злоупотребена

Деновиве на стриминг платформата Hulu се појави документарецот Framing Britney Spears во кој е прикажан голем дел од неправдата со која се соочува пејачката. Документарецот предизвика лавина реакции и многу славни ја дадоа својата поддршка за Бритни.

slavnite-so-poddrshka-za-britni-spirs-objaven-kontroverzen-dokumentarec-koj-prikazhuva-kako-bila-zloupotrebena-01.jpg

Документарецот Framing Britney Spears се фокусира на минатото на пејачката и настаните кои воделе до нејзината сегашна состојба.

Моментално, Бритни нема никаква контрола над нејзините финансии и нејзиниот приватен живот и сите одлуки ги донесува татко ѝ, а ова се случува од 2008-ма година. Татко ѝ ја има улогата на еден вид старател.

Во САД, ако се утврди дека личноста не може да се грижи за себе, судиите можат да одредат ваков старател, кој ќе има контрола над практично секој аспект од нејзиниот живот. Токму тоа се случува со Бритни и татко ѝ откако, наводно, било утврдено дека пејачката не е во состојба да одлучува за себе.

slavnite-so-poddrshka-za-britni-spirs-objaven-kontroverzen-dokumentarec-koj-prikazhuva-kako-bila-zloupotrebena-02.jpg

Проблемот е што оттогаш, Бритни има одржано многу настапи, има издадено четири албуми, а беше и судија на The X-Factor, што значи – пејачката е повеќе од способна да се грижи за себе.

slavnite-so-poddrshka-za-britni-spirs-objaven-kontroverzen-dokumentarec-koj-prikazhuva-kako-bila-zloupotrebena-03.jpg

Оттука произлезе и движењето Free Britney, кое го започнаа група фанови кои сакаат Бритни да ја добие контролата над својот живот. Бритни, пак, само сака некој друг да ја има оваа улога, а не татко ѝ.

slavnite-so-poddrshka-za-britni-spirs-objaven-kontroverzen-dokumentarec-koj-prikazhuva-kako-bila-zloupotrebena-04.jpg

Во документарецот е прикажана токсичната средина во која работела Бритни уште од почетоците на кариерата, односот со нејзиниот татко и неговото старателство, како и движењето Free Britney, кое станува сè посилно од прикажувањето на филмот.

Во понеделникот, ден-два после премиерата на документарецот, Бритни сподели видео за кое фановите мислеа дека се однесува на документарецот. Но, во видеото пејачката вели:

„Моментот кој сите го чекавме минатата недела… натпреварот Super Bowl!“, а потоа продолжува да зборува за тој настан.

https://www.instagram.com/p/CLC8ARkg65P/

Пред документарецот, ѕвезди како Парис Хилтон и Роуз Мекгован споделуваа дека Бритни ја заслужува својата слобода, но сега сè повеќе славни личности го изјавуваат истото.

Мајли Сајрус, која настапуваше пред да почне натпреварот Super Bowl, на крајот од настапот извика „Ја сакаме Бритни!“.

slavnite-so-poddrshka-za-britni-spirs-objaven-kontroverzen-dokumentarec-koj-prikazhuva-kako-bila-zloupotrebena-05.jpg

Сара Џесика Паркер објави твит со хаштагот на движењето:

Хејли од бендот Paramore исто така ја даде својата поддршка:

„Ниту еден артист не треба да ја почувствува тортурата што ѝ ја предизвикале медиумите/општеството/мизогинистите. Не би го правеле овој разговор за подигање на свеста за менталното здравје ако таа не ја платеше ужасната цена“.

https://twitter.com/yelyahwilliams/status/1358093963467620360

„Добро утро! Имајте убав ден! И: Ослободете ја Бритни“, напиша на Твитер Енди Коен.

Луѓето кои веќе го поддржуваа движењето сега станаа погласни и се обидуваат да ѝ покажат на јавноста со што сè се соочила Бритни, нагласувајќи дека секој би „експлодирал“ како Бритни, алудирајќи на инцидентот од 2007-ма, кога пејачката си ја избричи главата.

„Замислете си секој ден да ве следат над 70 папараци само за да ве фотографираат. Жал ни е Бритни“, гласат повеќето од објавите на фановите.

Во меѓувреме, можеби за првпат, во јавноста се огласи новото момче на Бритни, Сем Ашгари. Во ексклузивна изјава за PEOPLE, 27-годишниот актер сподели:

„Отсекогаш сум го сакал само најдоброто за мојата поубава половина, и ќе продолжам да ја поддржувам во нејзините соништа и нејзината цел да ја создаде иднината што ја сака и заслужува. Благодарен сум за љубовта и поддршката што ја добива од фановите ширум светот и се надевам дека заедно ќе имаме нормална, неверојатна иднина“.

slavnite-so-poddrshka-za-britni-spirs-objaven-kontroverzen-dokumentarec-koj-prikazhuva-kako-bila-zloupotrebena-06.jpg

Според документарецот, за сегашната состојба на Бритни не е виновен само нејзиниот татко, туку и луѓето со кои соработувала, па дури и Џастин Тимберлејк, со кого беше во врска на почетокот од 2000-тите.

Пејачката уште нема прозборено за филмот, но фановите и ѕвездите што ја поддржуваат се надеваат дека со обелоденување на вистината, Бритни конечно ќе ја добие својата правда.

Погледнете и Татко ѝ ги менаџира парите и социјалните мрежи – Бритни Спирс бара од судот контрола над својот живот

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои си личат толку многу што и фановите не можат да ги препознаат За Пенелопе Круз и Салма Хајек како на сите да им требаат неколку секунди за да ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Славни парови кои беа верени, но никогаш не стапија во брак (нивната ретро љубов буди носталгија) Дали некој од вас воопшто памти дека Никол Кидман и Лени Кравиц беа во врска, па...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
„Сигурно Џесика се срами што ти е сопруга“: Џастин Тимберлејк мета на критики откако се дозна дека ј... „Навистина е лудо како луѓето можат да повредат некого и да продолжат со животот...
Први фотки од таткото на Бритни откако му ја ампутираа ногата – Пејачката не сака да му прости (фото... Вчера (12.12) таткото на Бритни Спирс првпат се појави во јавност откако му беше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg