Го облекла за јавно да „води љубов“ со претседателот по гласините за наводна афера – Приказната за „голиот“ фустан на Мерилин Монро
-->
Во јануари 1961-ва година Мерилин поднела документи за развод со Артур Милер, откако претходната година во ноември најавиле дека планираат да се разведат.
Во пролетта 1962-ра година по разводот со Милер веќе била преселена во нејзиниот нов дом во Лос Анџелес и ѝ била понудена главната улога во филмот Something's Got to Give. Дополнително, многу се радувала заради учеството на добротоворната гала по повод роденденот на Џон Кенеди во Медисон Сквер Гарден на 19-ти мај.
Претходно веќе кружеле гласини дека претседателот има афера со актерката и дека тие ја поминале заедно ноќта заедно по една забава во Палм Спрингс. Наводно, таа вечер (по забавата) Кенеди ја поканил да настапи во Медисон Сквер Гарден.
-->
Според сведоците, Мерилин два дена била мошне возбудена за учеството, а побарала да ѝ биде дизајниран фустан што ќе остане запаметен во историјата. Вечерта пред да настапи, фустанот во боја на кожа и кристали дизајниран од страна на Jean-Louis бил сошиен на неа.
Мерилин доцнела дури и на тој настан, а се појавила при крајот, откако водителот претходно неколкупати ја најавил, а неа ја немало.
Во моментот кога ја соблекла белата крзнена наметка сите останеле вџашени од нејзиниот изглед. Изборот на тоалета само дополнително ги разгорел гласините за наводна афера меѓу актерката и претстедателот, а нејзината изведба на песната Happy Birthday била окарактеризирана како „јавно водење љубов со претседателот пред 40 милиони Американци“.
Наводно, по ова Мерилин кратко имала контакт со претседателот Џон Кенеди и со неговиот брат Боб за време на гала вечерта, а потоа повеќе никогаш не се сретнале. Тогаш била направена и нивната единствена заедничка фотографија.
-->
-->
Актерката се вратила на сопствената холивудска кариера, но била отпуштена од филмот Something's Got to Give затоа што постојано доцнела или не доаѓала на снимањето.
-->
Во јуни 1962-ва година таа имала операција на жолчката. Видеото во кое се гледа како таа ја напушта клиниката каде ѝ била изведена операцијата и денес може да се најде на YouTube.
Во него се гледа како актерката ја напушта болницата во количка опкружена од репортери, обожаватели и полиција, а во еден миг вели: „Се чувствувам многу подобро, ви благодарам“.
-->
Само неколку месеци подоцна, на 5-ти август Мерилин била најдена мртва во нејзиниот дом, а околу неа биле најдени повеќе празни шишенца со лекови. Само 15 месеци подоцна и претседателот Кенеди го загубил животот во трагичниот атентат.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“
Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото)
Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“
„За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а...
Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат...
„Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Славни жени кои отворено зборуваа за траумата од нивните спонтани абортуси
Меган Маркл откри дека имала спонтан абортус додека го држела својот син Арчи, к...