Кендал Џенер топлес, Тамара Калиниќ во проѕирно здолниште, Лео Ди Каприо маскиран – Познатите на Coachella 2022 (фото)
- Детали
- понеделник, 18 април 2022
Кендал Џенер позираше топлес, Дамиано со бендот Манескин настапија во впечатливо издание со мрежести хулахопки, високи потпетици и кожени ремени, Парис Хилтон на забавата отиде заедно со кучето и сопругот Картер, а имаше посебна фотосесија во која покажа повеќе смели модни изданија. Ѕвездите на Coachella 2022.
Во Лос Анџелес започна петдневниот фестивал Coachella2022 каде се собраа најголемиот број музички и модни ѕвезди.
Меѓу Ким Кардашијан, Парис Хилтон, Кендал Џенер, Никол Шерцингер, беше и српската модна блогерка Тамара Калиниќ, која важи за една од највлијателните имиња во светот на модата.
На фестивалот што традиционално го одбележува почетокот на летните фестивали, голем број од познатите имиња во светот на музиката и модата ја искористија можноста да се појават во впечатливи модни изданија.
Други пак, како Леонардо Ди Каприо (47) се обидоа да поминат незабележано. Тој се појави со 23 години помладата девојка Камила Морон (24) во сатенска бомбер јакна и со маска на лицето.
https://www.instagram.com/p/CcfFwjaLmLN/?utm_source=ig_web_copy_link
За првпат на фестивалот настапија и минатогодишните претставници на Евровизија, Maneskin. Дамјано Давид се појави во мрежести хулахопки и високи потпетици, а ја изненадија публиката со песната Womanizer на Бритни Спирс.
Од топлес изданија, до изданија во смели бикини и проѕирни здолништа - погледнете неколку од највпечатливите модни изданија во првите два дена од фестивалот.
Повеќе фотографии во галеријата:
Б. С. Б. | Црнобело