„Ги купува децата како чевли, не знае да менува пелени“ – Секојпат кога Парис Хилтон беше критикувана како мајка
- Детали
- сабота, 02 декември 2023
„Детето не е аксесоар!“ , „Го носиш ли тоа дете на лекар?“, „Зошто не објавуваш фотки од ќерката?“, „Зошто премногу објавуваш фотки?“... Ова се само дел од критиките упатени до Парис Хилтон во последните неколку месеци. Колкупати богатата наследничка била мета на критики како мајка?
Богатата наследничка Парис Хилтон (42) го остави зад себе бурното минато и сега влегува во нова етапа од животот како сопруга и мајка.
Но, се чини дека луѓето не можат да ѝ ги заборават скандалите од минатото, а сѐ почесто наидува на критики за тоа како се однесува како мајка.
Во кои мигови Парис досега била критикувана како мајка?
Децата ги доби со сурогат мајки затоа што се плаши од лекари
Парис често е мета на критики затоа што за своите деца користела сурогат мајки и не заради тоа што има медицински проблем, туку затоа што стравува од породувањето.
„Многу се плашам, сѐ ме навраќа на училиштето.
Местото каде ме малтретираа и не можам да истрпам да одам на лекар. Се плашам од инјекции и од инфузии“ – рече таа.
Таа вели дека овој страв е последица на траумите од минатото, па затоа одлучила да го следи примерот на нејзината добра другарка Ким Кардашијан и децата да ги добие со помош на сурогат мајки.
„Ким ми кажа за ова. Ги користам услугите на истиот лекар, доктор Хуанг, кој е најдобар и има свој тим што се справува со сите детали, ги интервјуира сурогат мајките и се грижи за тоа тие да бидат здрави“ – појасни Парис.
Не знае да смени пелена
Оваа изјава дојде од сестрата на Парис за време на забавата пред Оскарите годинава. Ники Хилтон сакаше да се пофали дека ѝ помага на сестрата да ги научи триковите за мајчинство па рече:
„Парис е родена за да биде мајка! Се потрудив да ја научам како изгледа уметноста на менување пелени“.
Критики за изгледот на нејзиното синче
Пред извесен период Парис им одговори на сите следбеници што на социјалните мрежи коментираа дека нејзиниот син има голема глава и побрзаа да му дадат дијагнози, па на крај ја обвинија дека не води сметка за неговото здравје.
„Навистина има болни луѓе во светов. Моето бебе е совршено здраво. И да, секако дека го однесов на лекар, а има само голем мозок“ – напиша Парис во својот одговор.