Најубавата природна жена во Холивуд – и покрај трите деца, Џесика Алба има тело на божица (фото)
- Детали
- петок, 22 април 2022
На 28 април, прекрасната Џесика Алба ќе наполни 41 година. Според многумина, Алба е една од најубавите природни жени во Холивуд која сè уште не подлегнала на никакви хируршки корекции. Ретко може да ја видиме во бикини, но овојпат актерката ја покажа извајаната фигура и затегнатите мускули во атрактивно дводелно бикини во розова и виолетова боја.
Инаку, вистинска реткост е да се види Алба во костим за капење, бидејќи во текот на целата нејзина кариера беше фотографирана само неколкупати во долна облека или бикини, најчесто на помлада возраст.
Холивудската ѕвезда важи за една од најубавите жени на светот, а мажите секогаш го истакнуваат фактот дека е природна и ненаметлива и дека не инсистира да го истакнува својот сексапил.
Самата актерка призна дека вретенестото тело се должи на напорното вежбање, а не само на добрата генетика.
Сепак, таа вели дека го забавила темпото во однос на поранешниот ритам и дека сега вежба „попаметно“ – два до четири пати неделно во домашната теретана, а понекогаш оди и на пилатес.
„Отсекогаш мислев дека после тренинзите морам да бидам жива вода, да ме болат мускулите, и се чувствував како да трчам маратон. Сега научив да ги комбинирам тренинзите и не мислам дека сум неуспешна бидејќи не сум се „убила“ од вежбање“.
Кога станува збор за исхраната, таа избегнува алкохол и практикува вегански оброци четири дена во неделата, но во петок, сабота и недела престанува да го практикува овој режим.
„Умереноста е клучот“, вели Алба.
Популарната убавица откри и дека ужива во својот утрински ритуал – пие кафе, става смирувачка маска за лице и хранлив мелем за усни и практикува вежби за дишење.
„Се обидувам да се фокусирам на енергијата на љубовта, добрината и смиреноста. Тоа е еден вид на моја медитација“, изјави таа.
Погледнете како изгледа прекрасната Џесика Алба:
(О)Милена | Црнобело