Ким и Кортни Кардашијан се степаа, Бритни ја бркала сестра ѝ со нож: Најжестоките ривалства помеѓу познатите браќа и сестри

На почетокот од нејзината кариера, Мадона и нејзиниот брат соработуваа – тој беше нејзин асистент и стилист. Но, откако тој издаде книга во која откри бројни интимни детали од животот на пејачката, таа му се налути и не зборуваше со него повеќе од 5 години.

kim-i-kortni-kardashijan-se-stepaa-britni-ja-brkala-sestra-so-nozh-najzhestokite-rivalstva-pomegju-poznatite-brakja-i-sestri-01.jpg

Одвреме-навреме сите се расправаме со нашите браќа и сестри, неретко и за безначајни работи. Но, овие караници не се ништо сериозно, а лутината ни поминува речиси веднаш.

Сепак, во светот на шоу-бизнисот ривалствата помеѓу браќата и сестрите можат да бидат навистина жестоки.

Кои се најжестоките ривалства помеѓу познатите браќа и сестри?

Бритни Спирс и сестра ѝ Џејми Лин Спирс

Бритни води војна со целото нејзино семејство поради легалното старателство и тортурата и контролата што била присилена да ги трпи.

Штом Бритни беше ослободена од легалното старателство, почна да открива дека не само нејзиниот татко, туку и сестра ѝ Џејми ја злоупотребувала нејзината положба за да ги добива нејзините пари.

Во меѓувреме, Џејми изјави дека целиот живот се плашела од Бритни, особено по инцидент во детството. Џејми тврди дека еднаш морала да се заклучи во тоалетот бидејќи Бритни ја бркала со нож.

Бритни не молчеше за ова и изјави дека било лага. Покрај тоа многупати јавно ја нападна сестра ѝ, нарекувајќи ја себична.

kim-i-kortni-kardashijan-se-stepaa-britni-ja-brkala-sestra-so-nozh-najzhestokite-rivalstva-pomegju-poznatite-brakja-i-sestri-02.jpg

Кели Озборн и сестра ѝ Ејми

Ќерките на познатиот музичар Ози Озборн наводно воопшто не се во контакт. Според Кели Озборн, причината за ова е тоа што се многу различни.

„Таа не ме разбира мене, а јас не ја разбирам неа“.

За разлика од останатите членови на семејството Озборн, Ејми никогаш не се појави во нивното реално шоу, па дури и јавно го има критикувано изјавувајќи дека сестра ѝ Кели и брат ѝ Џек биле премногу мали за да бидат дел од такво шоу.

kim-i-kortni-kardashijan-se-stepaa-britni-ja-brkala-sestra-so-nozh-najzhestokite-rivalstva-pomegju-poznatite-brakja-i-sestri-03.jpg

Мадона и брат ѝ Кристофер

На почетокот од нејзината кариера, Мадона и брат ѝ Кристофер не само што беа блиски, туку и соработуваа. Кристофер беше асистент и стилист на Мадона, но нештата се променија во 2008 година, откако тој ја издаде книгата Life With My Sister Madonna (Животот со сестра ми Мадона).

Во книгата Кристофер открива интимни детали за поранешниот сопруг на Мадона, нејзините деца и кариерата и, генерално, работи што пејачката не би сакала да бидат кажани во јавност.

Околу пет години тие воопшто не зборуваа, но потоа изјавија дека се смириле.

Сепак, во 2017 година повторно го заладија односот откако Кристофер изјави дека Мадона намерно го „оцрнила“ по што не можел да најде работа во Холивуд.

Според изворите, денес тие повторно се во добар однос.

kim-i-kortni-kardashijan-se-stepaa-britni-ja-brkala-sestra-so-nozh-najzhestokite-rivalstva-pomegju-poznatite-brakja-i-sestri-04.jpg

Ким и Кортни Кардашијан

Шоуто на Кардашијанс е познато по бројните драми, но дефинитивно најмногу внимание привлекуваат расправиите помеѓу Ким и Кортни.

Тие еднаш и се степаа пред камерите во епизода од 2022 година.

Според Ким, Кортни била неодговорна и воопшто не се грижела за нивното шоу и нивниот публицитет. Ова ја разгневи Кортни, по што таа ја нападна Ким.

kim-i-kortni-kardashijan-se-stepaa-britni-ja-brkala-sestra-so-nozh-najzhestokite-rivalstva-pomegju-poznatite-brakja-i-sestri-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg