Џеј Ло со солзи во очи потврди дека се верила со Бен, повторно по 18 години – дали овојпат ќе стигнат до олтар по пропаднатата свршувачка?
- Детали
- сабота, 09 април 2022
Џеј Ло објави видео на кое плаче и во фокус го стави вереничкиот прстен – 18 години по пропаднатата свршувачка со Бен, пропаднатиот брак со Марк и свршувачката со Алекс, Џенифер повторно има шанса да стапне пред олтар со најголемата љубов. Дали овојпат ќе успее?
Џенифер Лопез и Бен Афлек имаат турбулентна љубовна приказна која трае со децении.
Во 2002 година парот се вери откако Бен ја запроси со розов дијамантски прстен од 1 милион долари и имаа закажано венчавка во 2003-та, која ја одложија за во 2004-та да стават крај на романсата.
По 18 години, еден пропаднат брак со Марк Ентони и една пропадната свршувачка со Алекс Родригез, Џеј Ло (56) повторно доби свршувачки прстен од нејзината најголема љубов, откако ја обновија врската минатата година.
Неодамна Бен беше забележан како разгледува прстени со мајка му, а деновиве Џеј Ло ја фотографираа со прстен на рака кој предизвика шпекулации за свршувачка, додека шеташе со ќерката.
Сега пејачката ја потврди веста, објавувајќи интимно видео на нејзиниот сајт, на кое е со солзи во очите и во фокус го става вториот веренички прстен од Бен.
True love gotta ring, ring, ring💍
— Mahsa🌙 (@mahsa97jlo69) April 9, 2022
Jennifer lopez and Ben Affleck are engaged again! #congratulations so happy for you🎉❤🤩#onthejlo #jlo_april8 , 2022
♡♡♡♡💫 @JLO 💫♡♡♡♡#jlo #jenniferlopez #bennifer #benaffleck pic.twitter.com/NcC8CijSlQ
М. М. | Црнобело