Бен Афлек со мајка му разгледува прстени – Ќе го добие ли Џеј Ло шестиот веренички прстен?

Бен Афлек беше забележан како разгледува веренички прстени. Ќе го добие ли Џеј Ло својот шести по ред веренички прстен и со кого беше верена пејачката досега, а со кого беше во брак?

ben-so-majka-mu-razgleduva-prsteni-kje-go-dobie-li-djej-lo-shestiot-verenichki-prsten-01.jpg

Бен Афлек беше забележан како разгледува веренички прстени и тоа наведува на помислата дека актерот има намера да ја запроси својата старо-нова девојка Џеј Ло по вторпат.

ben-so-majka-mu-razgleduva-prsteni-kje-go-dobie-li-djej-lo-shestiot-verenichki-prsten-07.jpg

Магазинот Page Six објави фотографии на кои се гледа како актерот и режисер (49) се шета низ продавници за накит заедно со неговата мајка Крис и децата Вајолет (15), Серафина (12) и Семјуел (9) кои ги има од бракот со Џенифер Гарнер.

ben-so-majka-mu-razgleduva-prsteni-kje-go-dobie-li-djej-lo-shestiot-verenichki-prsten-08.jpg

Ако славниот актер се одлучи сепак да ја побара Џеј Ло за сопруга, ова ќе биде нивен втор обид да стапат во брак, откако тие беа верени во периодот од 2002-та до 2003-тата година, кога Бен ѝ даде веренички прстен со розов дијамант вреден 1,2 милиони долари.

Сега двојката е повторно заедно, се верува дека Џеј Ло го задржала стариот веренички прстен, а се проценува дека неговата вредност се зголемила десеткратно и сега изнесува вртоглави 12 милиони долари.

Доколку Џеј Ло добие уште еден веренички прстен, тоа ќе биде нејзиниот шести веренички прстен по ред.

Во продолжение да ги погледнеме досегашните пет веренички прстени на Џеј Ло:

Таа беше во брак со нејзиниот прв сопруг Охани Ноа, од кого во 1997-мата година доби дијамант вреден повеќе стотици илјади долари, а со него се разведе само една година подоцна.

ben-so-majka-mu-razgleduva-prsteni-kje-go-dobie-li-djej-lo-shestiot-verenichki-prsten-02.jpg

Прочитајте и Како изгледа Охани Ноа, заборавениот прв сопруг на Џеј Ло, 24 години подоцна?

По ова доби веренички прстен и од Крис Џад во 2001-вата година, но со славниот кореограф одлучија да се разделат само една година подоцна.

ben-so-majka-mu-razgleduva-prsteni-kje-go-dobie-li-djej-lo-shestiot-verenichki-prsten-03.jpg

Подоцна истата година почна да се гледа со Бен Афлек и се верија. Сепак славната двојка не успеа да застане пред олтар.

ben-so-majka-mu-razgleduva-prsteni-kje-go-dobie-li-djej-lo-shestiot-verenichki-prsten-04.jpg

Марк Ентони ја запроси пејачката со син дијамантски прстен, што наводно чинел 4 милиони долари. Тие беа заедно од 2004-тата до 2014-тата година, а заедно ги имаат близнаците Макс и Еме (13).

ben-so-majka-mu-razgleduva-prsteni-kje-go-dobie-li-djej-lo-shestiot-verenichki-prsten-05.jpg

Петтиот веренички прстен Џеј Ло го доби од поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез со кого беше во врска до април месец годинава, а двапати ја одложуваа свадбата поради пандемијата.

ben-so-majka-mu-razgleduva-prsteni-kje-go-dobie-li-djej-lo-shestiot-verenichki-prsten-06.jpg

По раскинувањето со Родригез, Џеј Ло одлучи да ја обнови врската со бившиот свршеник Бен Афлек, а ако навистина Бен клекне на колено и ја запроси, тогаш Џенифер Лопез ќе го добие својот шести по ред веренички прстен.

Инаку, Бен и Џеј Ло од април годинава, па наваму речиси и да се нераздвојни. Тие се фотографирани постојано од медиумите, организираат заеднички викенди со децата, а по повод 52-иот роденден на пејачката беа и на летување во Сен Тропе и Капри.

Прочитајте и На јахта на Сен Тропе, шопинг во Капри: Бен и Џеј Ло се на љубовна турнеја откако си дадоа втора шанса – каде сѐ беа?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Лудата врска на Џеј Ло и Пи Диди: Ја уапсија заради него, исчезнувал и го барала по хотелски соби Заради него Џеј Ло беше уапсена, но му прости и му беше поддршка, тој ѝ помогна ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg