- Детали
-
четврток, 07 април 2022
-->
Познатите гости во шоуто на Елен никако не смеат да го извадат телефонот додека трае снимањето, мораат да трпат шеги на своја сметка без да се спротивстават и мораат да споделат детаљ од нивниот живот што го немаат кажано на друго место.
Речиси две децении Елен Деџенерес ја забавува јавноста со нејзиното шоу во кое гостуваат некои од најголемите имиња во шоу-бизнисот.
-->
Денес Елен е една од најпознатите водителки и комичарки, па не е ни чудо што поставува високи стандарди кога станува збор за нејзиното шоу.
Сите луѓе кои гостуваат во шоуто на Елен мора да следат низа правила, без исклучок.
Без разлика за колку позната личност станува збор, Елен не трпи непочитување и ако некој ги прекрши правилата, никогаш повеќе нема да биде поканет.
Па, кои правила ги следат гостите во шоуто на Елен?
Ако некој гостин, без разлика колку познат, не ги почитува правилата на Елен, може да биде избркан од шоуто и да добие забрана да гостува следен пат
-->
-->
Мобилните телефони се забранети, без исклучок – Елен не сака шоуто да биде прекинато бидејќи некој си зборува на телефон
-->
Најчесто познатите личности кои гостуваат во шоуто се познаници и пријатели на Елен бидејќи таа сака да има подобра хемија со гостите
Неретко пред да се појават во шоуто, гостите на Елен мораат да прочитаат нешто за Кардашијанс бидејќи таа често се шегува на нивна сметка
-->
Покрај тоа што гостите обично ѝ се познаници, на Елен мора и да ѝ се допаѓаат како личности – многупати водителката одбивала познати личност само затоа што не ѝ се допаѓале во реалноста
Омилените гости на Елен се појавуваат во шоуто и по неколкупати. На пример, Џенифер Анистон има гостувано 18 пати, Џастин Тимберлејк - 16 пати, а Опра Винфри - 10 пати
Гостите мора да се подготвени да зборуваат за нивниот љубовен живот, дури и ако не се расположени за тоа
Бидејќи сепак станува збор за шоу што се емитува на телевизија, користењето погрдни зборови и пцости е најстрого забрането
Гостите мораат да следат и кодекс на облекување – не треба да се премногу дотерани и препорачливо е да се појават во деловна или лежерна комбинација
Уште десет правила на следната страница...
Би можело да ве интересира: