9 највљубени и моќни холивудски парови кои се појавија на Оскари 2022 (фото)
- Детали
- понеделник, 28 март 2022
Пенелопе Круз и Хавиер Бардем зрачат со елеганција, Џејда Пинкет Смит блеска и без коса покрај сопругот Вил Смит, Кучер гледа заљубено во Кунис, а Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се бакнуваат со исплазени јазици – парови кои оставија впечаток на црвениот тепих на Оскари 2022.
На црвениот тепих на 94-тото издание на Академските награди прошетаа голем број славни личности кои оставија впечаток со своите модни изданија.
Но, освен со модниот стил, некои од ѕвездите издоминираа на црвениот тепих покажувајќи ја својата љубов.
Кортни Кардашијан, прва од семејството која е поканета на овој настан, не пропушти прилика да ја покаже страста која гори помеѓу неа и Тревис Баркер, додека Ештон Кучер и Мила Кунис се гледаат вљубено.
Пенелопе Круз и Хавиер Бардем беа доказ за моќен холивудски пар, двајцата номинирани за Оскар, а зрачеа со елеганција на црвениот тепих.
Во продолжение најубавите и највљубени парови на Оскари 2022:
Вил Смит и Џејда Пинкет Смит
Кортни Кардашијан и Тревис Баркер
Пенелопе Круз и Хавиер Бардем
Паулета Вашингтон и Дензел Вашингтон
Ештон Кучер и Мила Кунис
Кит Урбан и Никол Кидман
Џејми Дорнан и Амелија Ворнер
Бенедикт Кумбербач и Софи Хантер
Џесика Честејн и Џан Лука Паси де Препосуло
М. М. | Црнобело