Џеј Ло промени 4 стајлинзи на земање награда за музичка икона – Бен Афлек „ја пие“ со поглед од публика со децата (фото+видео)
- Детали
- среда, 23 март 2022
Џеј Ло доби признание за долгогодишната кариера, а нејзиното момче Бен Афлек беше во првите редови за да ѝ даде поддршка заедно со нивните деца. Пејачката привлече особено внимание со смелите стајлинзи, но и со извонредниот перформанс на сцената.
Џеј Ло (52) на настанот се појави во четири различни модни изданија, а најголемо внимание привлече со смелото боди со длабоко деколте и проѕирно здолниште во кое на сцената ја презема наградата на iHeartRadio музичките награди.
Таа ја доби наградата ICON за нејзиното влијание во поп-културата, долгата кариера и постојаната застапеност на радио-станиците, но и заради големиот број обожаватели на светско ниво.
Џеј Ло имаше извонредна изведба на нејзиниот огромен хит од 2005-та година Get Right, a oсобено внимание привлекоа членовите на нејзиното семејство кои беа присутни на настанот.
Бен Афлек (49) заедно со неговиот син Семјуел (10) и ќерката на неговата девојка Џеј Ло, Еме (14) беше во првите редови во публиката и ѝ даде поддршка на пејачката.
„Го ценам ова премногу. Би сакала да можев да речам дека наградите ми се најважни, но тоа не е точно. Немојте да мислите дека не сакам светкави скапоцени нешта, затоа што ги сакам!
Нема да ве лажам, сите знаете дека ги сакам. Но, не го правам ова заради наградите. Тоа не ми е најважно. Сѐ што правам е за вас“ – ѝ порача пејачката на публиката.
Погледнете ја нејзината изведба, во рамки на која повеќе модели се појавија во некои од нејзините најпрепознатливи стајлинзи низ годините:
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од настанот:
Б. С. Б. | Црнобело