Кејт Мидлтон направи моден погодок во жолт фустан на Јамајка - ја истакна витката линија, по 3 породувања (фото)
- Детали
- среда, 23 март 2022
Лелеавиот фустан од 1.300 евра ја истакна убавината на Војвотката од Кембриџ, која уште еднаш покажа дека е вистинска модна икона. Таа одлично се забавуваше на Јамајка со саканиот Вилијам.
Кејт Мидлтон (40) уште еднаш докажа дека е модна икона. Таа блесна во миди жолт фустан и впечатливи чевли при пристигнувањето на Јамајка со принцот Вилијам.
Лелеавиот фустан од брендот Brigitte od 1.300 eвра совршено ја истакна витката линија на мајката на 3 деца.
Војвотката од Кембриџ изгледаше едновремено опуштено и елегантно.
Потоа таа се проблече во полежерна варијанта во шарено миди фустанче, за прошетката низ татковината на Боб Марли.
Пред Јамајка, парот го посети Белизе, каде Кејт блесна во долга розова светкава тоалета.
Прочитајте и Подраснати седи влакна, брчки: Кејт Мидлтон е природна убавица во раскошна тоалета - на кралска должност во Белизе (фото)
Модниот погодок на Кејт:
С. С. | Црнобело