Кејт Мидлтон на настан - достојна за кралица, додека Хари и Меган Маркл кројат планови да заработат милиони (фото)
- Детали
- четврток, 17 март 2022
Додека принцот Хари најавува скандалозни мемоари во кои ќе открие наводно сè за кралското семејство, но нема да ја навредува кралицата Елизабета, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се повторно достоинствени и одмерени на настан.
Кејт Мидлтон (40) се појави во темнозелен капут од 3.800 евра за време на кралска воена должност на принцот Вилијам, по повод празникот „Свети Патрик“.
Капутот ја истакна нејзината витка линија, а изгледот војвотката го надополни со чевли во иста боја.
Таа како и секогаш беше ведра и насмеана со многу љубов кон децата, животните, постарите и со почит апсолутно кон сите, токму како што доликува на една идна кралица.
Од друга страна, принцот Хари најавува дека ќе објави мемоари за кралското семејство од кои се очекува да заработи вртоглава милионска сума.
Кејт Мидлтон на кралска должност:
С. С. | Црнобело