„Сите баби имаат ваков кауч“ – Меган Фокс се шегува за нејзиниот аутфит откако доби комплименти од девојката на бившиот сопруг
- Детали
- четврток, 10 март 2022
Меган Фокс повторно се појави со впечатлива комбинација, а овојпат се пошегува на своја сметка споредувајќи се со бабински кауч. Само некој ден претходно, партнерката на нејзиниот поранешен сопруг ја нарече Меган „неверојатна жена“ и истакна дека не се споредува со неа.
Меган Фокс стана препознатлива по впечатливите комбинации и додека обично добива шеги и критики од јавноста, сега реши самата да се пошегува на своја сметка.
Неодамна 35-годишната актерка беше забележана во Лос Анџелес со интересен аутфит. Потоа и самата сподели фотка од комбинацијата, притоа споредувајќи се со „бабински“ кауч.
Меган носеше панталони и наметка со шарен дезен, како и кариран корсет. Комбинацијата ја дополнила со марама на главата, проѕирни штикли и мала кафена чанта.
На Инстаграм објавата, Меган сподели фотографија од модната комбинација, но и фотка од кауч со речиси ист дезен како нејзината облека.
„Сите баби имаат ваков кауч…“, стои во описот.
https://www.instagram.com/p/Ca5Ha7QpXmw/
Само ден-два претходно, сегашната партнерка на Брајан Остин Грин – бившиот сопруг на Меган – сподели дека ја смета Меган за прекрасна личност и воопшто не пробува да се споредува со неа.
Шарна одговараше на прашања на Инстаграм Стори од фановите, и некој ја прашал како се справува со тоа што ги следи чекорите на Меган Фокс.
На ова, Шарна изјави дека обично не одговарала вакви прашања, но сега направила исклучок.
„Мислам дека многу жени се мачат споредувајќи се со бившите на нивните партнери. Или генерално со други жени. Ова е бидејќи општеството смета дека сме пол кој постојано се натпреварува, дека не можеме да бидеме кои сме без да го посакуваме она што го има ’таа‘.
Па, мојот одговор е едноставен – не се споредувам. Меган е своја и неверојатна жена. Исто и јас сум своја и неверојатна жена“.
Моментално Меган и нејзиното момче Машин Ган Кели се подготвуваат за нивната венчавка, но уште не е познато дали одбрале датум.
Парот привлекува многу внимание во јавност поради ексцентричното однесување и необичните модни комбинации.
Но, Меган и самата знае да „крене прашина“ со смелите аутфити – дел од нив во продолжение:
https://www.instagram.com/p/CZw73Zqp5GF/
https://www.instagram.com/p/CTsobIalzuW/
https://www.instagram.com/p/CaQuYuxFS8i/
https://www.instagram.com/p/CTNb8CzBWlr/
https://www.instagram.com/p/COeSgailzkc/
https://www.instagram.com/p/CTfK1iblWLW/
Спирова С. | Црнобело