Ретко појавување на Меган Маркл и принцот Хари на настан - Меган блеска во фустан од 2.400 евра (фото)
- Детали
- понеделник, 28 февруари 2022
За кралскиот пар, кој живее во вила од 12 милиони евра во Калифорнија, ова беше ретко појавување на некоја официјална церемонија од овој тип. Меган го носеше свршеничкиот прстен од 311.000 евра.
Меган Маркл се појави во син фустан од свила од дизајнерот Christopher John Rogers, со вредност од околу 2.400 евра денари и трипати поскап накит на настанот NAACP Image Awards, каде ја подигна наградата President's Award заедно со принцот Хари.
Покрај тоа, 40-годишната некогашна војвотка носеше и златна алка од принцезата Дијана, како и скапоцениот свршенички прстен од 311.000 евра.
За кралскиот пар, кој живее во вила од 12 милиони евра во Калифорнија, ова беше ретко појавување на некоја официјална церемонија од овој тип.
Наградата им беше доделена како признание за нивната работа за јавното добро на луѓето во повеќе сфери.
С. С. | Црнобело