„Барби диета“ со која Марго Роби се подготвува за култната улога: „Оваа диета е строга, но здрава“
- Детали
- недела, 06 март 2022
Наскоро ќе можеме да ја видиме Марго Роби (31) во филмот „Барби“ заедно со Рајан Гослинг во главните улоги. За да се подготви за улогата, познатата актерка практикувала диета која го носи името на најпознатата кукла.
Таа зборуваше за „диетата на Барби“ во неодамнешното интервју за British Women Health.
Навистина интересно, иако сосема предвидливо: основниот принцип на диетата се состои од многу малку јаглехидрати и без никакви слатки.
Актерката признава дека откако се преселила со сопругот во САД, исхраната ѝ станала полоша – хамбургерите и пивото станале дел од менито, па сега се враќа во нормала.
„Мојот појадок сега обично се состои од овесна каша и шејк за зајакнување на имунитетот. За ручек јадам салата од пилешко, а за вечера стек од туна и слатки компири. Пијам чај во текот на денот, со кој сум опседната откако живеам во Велика Британија“, изјавила Марго.
„Храната ми е многу важна. Сакам плескавици и помфрит кои ги нарачувам со половина литар пиво. Во САД, моето омилено јадење е двојна плескавица: доаѓа со сирење од тартуфи и глазура од тартуфи“, вели Марго.
Покрај здравата исхрана за улогата на Барби, Марго започнала со тренинзи со висок интензитет, и има голема страст за пилатес.
„Секогаш се чувствувам многу подобро по добро истегнување. Но, кога не се подготвувам за улогата, претпочитам тренинзи во кои навистина уживам – часови по танц или играње тенис со пријателите“, изјавила убавата русокоса.
(О)Милена | Црнобело