Парис Хилтон на Бахамите позира со прасе, откако мајка ѝ се извини што ја затворила во установа каде што ја малтретирале
- Детали
- четврток, 24 февруари 2022
Парис Хилтон ужива на уште едно брачно патување по венчавката со Картер Реум, откако сподели дека нејзината мајка се извинила што ја пратила во поправна установа за тинејџери каде што богаташката била тепана и затворана во самица и по 20 часа.
Поминаа речиси три месеци од венчавката на Парис Хилтон и Картер Реум, а парот уште оди од една до друга дестинација и ужива во брачниот живот.
Моментално 41-годишната богаташка и нејзиниот 41-годишен сопруг се на Бахамите, а според најновите фотки што ги сподели Парис, имаат и необично друштво.
На својот Инстаграм профил, Парис сподели фотографии од неа и Картер, но и со прасе на плажа.
Парис носи костим за пливање и очила за сонце, додека Картер е во светлосини шорцови.
Неодамна, на 17-ти февруари, Парис Хилтон го прослави 41-иот роденден, а само неколку денови пред роденденот откри дека го подобрила односот со мајка ѝ откако таа ѝ се извинила за траумите што ѝ ги предизвикала во детството.
Минатата година, Парис го најави нејзиниот документарец This is Paris во чиј склоп откри мрачни детали од тинејџерските години.
Имено, нејзината мајка Кети ја затворила во неколку поправни установи за тинејџери со цел да се справи со нејзиното проблематично однесување.
Но, престојот во последната установа не бил рехабилитација, туку чиста тортура.
Парис откри дека нејзиното престој траел 11 месеци, а целиот период додека била таму воспитувачите ја тепале и ја малтретирале психички.
Парис со години била гневна на нејзината мајка, но сега конечно добила извинување, и тоа благодарение на искрениот документарец.
„Само сум благодарна што конечно можам да зборувам со неа за тоа и што таа го изгледа документарецот и сфати низ што поминав“, изјави наследничката додека гостуваше во шоуто Tamron Hall Show.
Парис изјави дека откако мајка ѝ се извинила, нивниот однос драстично се подобрил.
„Сега сме многу поблиски. Она што го претрпев беше трауматично и за нас двете беше болно да зборуваме за тоа. Тоа што ми се извини ми значи многу бидејќи го чекав навистина долго време“.
Во документарецот, Парис вели дека кога ја однеле во установата, прво мислела дека ја киднапираат.
„Мислев дека некој ме киднапира. Почнав да викам по мама и тато – никој не дојде. Како што ме изнесуваа од дома, ги видов родителите покрај вратата како плачат. Им викав да ми помогнат, ги прашав што се случува и никој не ми кажуваше ништо“.
Парис споделува и грозоморни детали од периодот што го поминала таму.
„Седевме на стол по цел ден, свртени кон ѕидот. Ни викаа или нè удираа. Мислам дека таму работеа многу луѓе кои уживаат да мачат деца“.
Парис тврди и дека редовно ја терале да пие некакви лекови, а кога одбивала да го направи тоа, ја затворале во самица и по 20 часа.
Прочитајте повеќе: „Нè удираа, нè затвораа во самица и по 20 часа дневно“ – Парис Хилтон открива мрачни детали од тинејџерските години
Спирова С. | Црнобело