Што си подаруваат богатите?
- Детали
- понеделник, 01 август 2011
Кога сте познати и славни на светско ниво, парите не ви преставуваат проблем. Познатите холивудски фаци од светот на музиката, филмот и телевизијата...
...трошат баснословни суми пари на подароци.
Ова се едни од најскапите подароци. И после некој нека каже дека е тешко да си познат!
Пи Диди му подари на Џастин Бибер ситница за неговиот шеснаесетти роденден. Џастин за подарок доби Lamborghini Spyder кој чини 200 000 долари! И Ашер го израдува Бибер со возило на четири тркала – тој му подари автомобил од марката Range Rover.
За својот 41 роденден Џеј Зи од својата сопруга Бијонсе за подарок доби автомобил Bugatti Veyron Grand Sport, најбрзиот и најскапиот автомобил на светот: чини 2 милиони долари!
Кејти Пери му подари на својот сопруг Расел Бренд пат во вселената за неговиот 35 роденден. За интересното патување искеширала 200.000 долари!
Анџелина Џоли не штеди кога е во прашање Бред Пит. За денот на заљубените му подарила дрво-маслинка, кое го платила 18.500 долари!
Дејвид Бекам на својата сопруга Викторија за нејзиниот 34ти роденден и подарил лозје во близината на Калифорнија.
Џенифер Анистон и подарила на својата пријателка Кортни Кокс велосипед дизајниран од Chanel, а вреди 12.000 долари!
Пред Бранџелина, постоеја Бенифер - така медиумите ги нарекуваа Бен Афлек и Џенифер Лопез, додека беа во љубов. Таа му подари Bentley, а тој неа розов дијамантски прстен од шест карати.
Што сте им подарувале вие на вашите партнери?