Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас е убавица како мајка ѝ – Прослави 21-ви роденден во фустан на актерката (фото)
- Детали
- вторник, 23 април 2024
За прославата по повод нејзиниот 21-ви роденден, ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас облече фустан што мајка ѝ го носеше на црвениот тепих пред дури 25 години.
Ќерката на Мајкл Даглас и Кетрин Зита-Џонс, Карис, го прослави 21-иот роденден, а со аутфитот што го одбра за прославата, изгледа како вистинска копија на мајка ѝ.
Карис Зита Даглас сподели неколку фотки од прославата на која носеше фустан на актерката.
Кетрин го носеше фустанот пред дури 25 години, односно во 1999-та година на доделувањето на MTV Movie Awards во Калифорнија.
Свилениот фустан е розов, украсен со бела тантела на долниот дел и во областа на градите.
„Најсовршениот 21-ви роденден којшто можев да го посакам“, стои во описот на објавата.
Од фотките се гледа дека Карис организирала интимна прослава со малку гости.
На една од фотките таа дува свеќички на роденденска торта, а на друга, неколку пријатели ја креваат додека седи на стол.
Во коментари, пак, следбениците истакнуваат дека Карис е убавица како мајка ѝ.
Освен Карис, актерите имаат и син, Дилан, а неодамна двајцата изјавија дека веќе се чувствуваат осамено бидејќи децата им пораснале.
Но, Мајкл истакна дека биле среќни што барем сакале да одат со нив на патувања.
„Кетрин и јас сме благословени што Дилан и Карис сакаат да патуваат со нас.
Неодамна бевме пет недели во Индија. И секогаш планираме каде ќе одиме следно…
Пробуваме да ги придобиеме со убави дестинации за патување“.