Сите мислеа дека раскинале, а сега Дејвид Гета изненади: „Девојка ми е бремена“
- Детали
- петок, 17 ноември 2023
Пред една година, речиси сите светски медиуми ја пренесоа веста дека светски познатиот диџеј Дејвид Гета ја прекинал врската со неговата 25 години помлада девојка, а сега успеа да ја изненади јавноста на доделувањето на Latin Grammy Awards 2023. Диџејот се појави со девојката која сега е и бремена.
56-годишниот диџеј на црвениот тепих на Latin Grammy Awards 2023 се појави со 32-годишната девојка, Џесика Ледон, со која беше во долгогодишна врска, а под нејзината тоалета овојпат „ѕиркаше“ трудничкиот стомак.
„Ова е најважната објава годинава“ – напиша на својот Инстаграм профил диџејот до фотографиите на кои тој и Џесика гордо позираат.
Инаку, Дејвид Гета веќе има две деца од бракот со Кети Лобе, синот Тим (19) и ќерката Енџи (16).
Тој и Џесика Ледон се во врска од 2015-та година.
Минатата година долго време не беа видени заедно, по што дел од светските медиуми почнаа да пишуваат дека се разделиле, но парот повторно беше виден на плажа во февруари годинава, по што беше ставен крај на озборувањата.
Погледнете уште неколку фотки од Дејвид и Џесика во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело